Фонд за спас на болните велешанчиња
ВЕЛЕС - Здружението на родители за грижа за здраво поколение формира сопствен фонд преку кој ќе им помага на болните деца од Велес. По контактите кои изминатиов период ги направиле со компаниите од градот, добиле позитивен одговор од вкупно четириесет фирми дека секој месец ќе вложуваат во овој фонд. Според договорот, секоја фирма која има до десетмина вработени во фондот месечно ќе донира по пет евра, а оние што имаат повеќе од десетмина вработени по десет евра. На овој начин ќе се полни фондот кој вчера преку улична трка го промовираше Здружението на родители за грижа за здраво поколение. (С.Ќ.Н.) |