Брoj 2765  понеделник, 18 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Дури и бетон се фрла во коритото на Вардар

Купови разновиден отпад на двете страни на коритото и на дното, на потегот од Вруток до Чегране

ГОСТИВАР - Во непосредна близина на мостот на реката Вардар, кај зградата на Основниот суд во Гостивар, на три места, несовесни возачи на миксери истуриле поголеми количини бетон. И не само тоа. На овој простор речиси секој ден ги чистат миксерите со бетон, а отпадоците ги истураат во реката, со што ја загадуваат водата.

Поради високите температури, се' помалку вода има во коритото, која од изворот се пренасочува во каналите за наводнување на плодните површини во Полошкото Поле. Во зависност од потребите за електрична енергија, се вклучуваат турбините во хидроелектричните централи „Вруток“ и „Равен“, што е реткост летово, па затоа не дотекуваат води од Мавровско Езеро. Сето тоа овозможи на виделина да се појават купови разновиден отпад на двете страни на коритото и на дното, на потегот од изворите на реката во село Вруток, па се' до атарот на селото Чегране.

Коритото на Вардар е претворено во голема депонија. Очигледно, на жителите што живеат покрај реката најлесно им е ѓубрето да го фрлаат во неа. Оваа појава е присутна со години, а лете е поизразена. Се добива впечаток дека локалната самоуправа, надлежна за хигиената и за чување на животната средина, оваа појава немо ја посматра и не презема никакви активности. Со новите измени на законот, казните за прекршоци против природата се драстично зголемени. (К.К.)

 


Статијата е прочитана 255 пати.

Испрати коментар

Од: viktor
Датум: 18.08.2008 14:49:27
Se prasuvam kolku genracii treba da pominat za Albancive da poacnat da gi menuvaat svoite primitivni naviki?!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Архитектот Симеон Златев колекционер на 2.000 етностарини
Серија пожари изгореа стотици хектари шума
Во нашите затвори лежат 64 странци, најмногу поради шверц на дрога
Вечер на мајтапот во Прилеп
Изворот во Лешок убива, предупредување за опасност нема
Во Струмица ќе се гради центар за откуп на зеленчук
Колектор за заштита на езерото Младост од загадување
Водата од градските чешми во Велес неисправна

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.