Хороскоп
Овен
Не сакате никој да ви поставува услови кои ќе влијаат на вашиот професионален ритам. Бидете смирени, нема причина да влегувате во нови конфликтни ситуации. Чувствувате нов емотивен немир, но не сакате да попуштите пред лицето кое ве анализира.
Бик
Нема да жалите ниту време, ниту пари за да го остварите она што веќе подолго го планирате. Позитивен поттик ќе примите од пријателите. Една личност со своите совети ќе ве извади од лавиринтот на недоумици и заплеткани односи. Пронајдете сродна душа.
Близнаци
Понекогаш тешко е да се проценат различните аспекти кои влијаат на работната клима. Доколку сакате да ги заштитите своите професионални интереси, прифатете нечија асистенција. Ќе ви одговара активен одмор, дозволете си подобри услови за релаксација.
Рак
Нема да мирувате. Зовриеното либидо ќе ве турка во нови љубовни непогоди. Ќе договорите тајна средба, или ќе побарате некое мирно катче во кое ќе завршите нешто што сакате да заштитите од туѓото љубопитство. Минатото е важно. Ќе ви годи подолг сон.
Лав
Ќе здогледате една личност што ќе ве освои на прв поглед. Промените ќе внесат повеќе ред и организација во вашата работа. Донесете решение дека од денес ќе почнете да вежбате. Вклучете ги блиските во своите планови. Олабавете се и спортувајте.
Девица
Ќе бидете во дилема дали да останете на своето, или малку да попуштите и така да направите компромис. Ќе ве заинтересираат случувањата во друг град. Одморете се од работата. Ќе се налутите. Ве очекува изненадување од партнерот.
Терезија
Делувате самоуверено и донесувате брзи процени за околината. Пред да донесете конечно решение се консултирате со некој близок. Имате чувство дека партнерот е преокупиран со некои работи за кои не сте информирани. Релаксирајте и опуштете се.
Скорпија
Одговорот што долго го очекувате, конечно ќе стигне кога најмалку ќе се надевате. Не ги откривајте своите слаби страни. Живејте активно и уживајте во секој момент.. Дајте се од себе кога е во прашање професијата но не трошете ја енергијата само на тоа.
Стрелец
Немојте долго и беспотребно да полемизирате. И без тоа може да очекувате успех на работното место. Подгответе се за можните редови во банка, пошта или мешаници во сообраќајот. Не дозволувајте да се изнервирате и бурно да реагирате пред партнерот.
Јарец
Соработниците ќе бидат воодушевени од вашите идеи и ќе ви помогнат да ги реализирате. Бидете доследни на своите изјави и ставови. Бирајте соработници на кои им верувате. Чувајте се од настинки и проблеми со желудникот. Партнерот многу верува во вас затоа не разочарувајте го.
Водолија
Ако само малку се потрудите, ќе најдете нови извори на забава и разонода. Ќе ви пречи нејзиното одлично познавање и читање на вашите слаби страни. Потребни ви се повеќе предизвици и возбудувања. Бидете спонтани и ќе добиете интересни работни обврски.
Риби
Ако соберете само малку повеќе храброст, ве очекува прекрасен момент со љубов и страст. Заборавете на она што останало зад вас и обидете се да почнете од почеток. Љубомората или завидливоста на ваша блиска личност ќе ја кочат слободата на движење.
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 11°C
Ведро
|
Понеделник
Делумно облачно
Макс: 28°C, Мин: 9°C
|
Вторник
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 11°C
|
|
|
|
|
|