Број 3281  четврток, 13 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Матуранти

Site Meter
Хроника

Протестите го одложија судењето за мавровските работници?

Судијата Горан Бошевски писмено известил дека судењето се одложува поради „службена должност“

Љубиша Станковиќ

За само десетина дена судскиот процес што се води за 21 обвинет за кривични дела организирање група и поттикнување на извршување геноцид и воени злосторства се одложува третпат. И додека рочиштата од трети и шести се одложуваа поради неприсуство на дел од ангажираните адвокати, вчерашното судење е одложено по налог на претседателот на Судскиот совет, кој постапува во предметот за малтретираните мавровски работници.

Судијата Горан Бошевски, во својство на претседател на Судскиот совет, на таблата пред вратата на големата судница оставил информација со која ги информира странките дека судењето се одложува. Како причина за одложување на судењето, судијата навел дека го прави тоа поради „службена должност“, притоа повикувајќи се на член 301 став 2 и 3 од Законот за кривична постапка.

Во конкретниот член од ЗКП, поточно во вториот став стои дека

„главниот претрес може да се одложи и по службена должност поради здравствени или други оправдани причини“, а за причините за одложување судот се повикува на ставот во кој децидно е наведено: „причините за одложувањето и образложението за нив се внесуваат во наредбата за одлагање, односно записникот“!

За јавноста, засега, останува тајна кои се другите оправдани причини, бидејќи нема сознанија дека судијата или некој друг од Советот вчера не се појави од здравствени причини. Непознато е и тоа дали причините поради кои се одложува судењето се внесени во наредбата за одложување или во судскиот записник. Во став 1 од наведениот член на ЗКП е наведено дека „претседателот на Советот може со наредба на образложен предлог на странките да го одложи денот на одржувањето на главниот претрес“, но и овој факт останува непотврден.

Токму вчерашното одложување отвори серија шпекулации, кои се однесуваат на овој судски процес што трае безмалку цели две години, а кој се' уште не е поместен од мртва точка. Така, се шпекулира дека една од причините за одложувањето треба да се бара во протестите што се случуваат изминативе денови. Според друга шпекулација, одложувањето се должи на политички пазарења во владејачката коалиција, а има и такви што сметаат дека овој случај е, наводно, во тесна врска со тешкиот инцидент што се случи на патот Рашче - Радуша.

Како опција, која е и многу веројатна, се наведува проверката на исправноста на документот што адвокатот Миљаим Асани го испратил до судот, а со кој бранителот го оправдал своето неприсуство. Пред само четири дена, судијата Бошевски ги информираше присутните во судницата дека своето барање до судот адвокатот го испратил на први мај, а во поднесокот што тој го доставил, стоел датум трети мај. Тогаш судијата Бошевски појасни дека адвокатот не можел однапред да знае дека ќе отсуствува и потоа да достави документација со задоцнување од два дена и затоа беше побарана кривична одговорност за лицето што го издала предметниот документ.


#
Статијата е прочитана 459 пати.

Испрати коментар

Од: imer-minhen
Датум: 13.05.2010 04:54:46
izvinete,ali ja ovo sudenje ne go razbiram. Ja sum energicno za toa ,site kriminalci,bez obzir na verska i nacionalno pripadnost za stvoreni zlodela,da se privedat na sud i da se kaznat.Ali kolku ja znam deka za konfliktot vo 2001 god postoi Amnestija.Za genocid,ili teski zlodela,nadlezen e medgjunarodniot Haskiot tribunal,,i samo toj sud moze da im sudi,ova ne go kazam ja nego-zakonot za amnestija,koj go ratifikuval MKD Sobranie,i go potpisal MKDpresident.Hag ovaju slucaj go vratil nazad,zaradi toa sto nemala dovolno dokazi. Ja mislam deka ova e samo politicka propaganda,za dobijanje na poeni,od strana na vladaeckata garnitura.Druga logika ne postoi.
Од: Stipjanec
Датум: 13.05.2010 16:14:33
Neka albancite ubijat , kidnapiraat i maltretirat nevini civili vo Amerika i neka baraat amnestija. Nema da im prostam na bilo koja vlast ako ne gi procesuira site 4 predmeti i neka pozajmi eden elektricen stol od amerikancite.

Најди! во Утрински
Хроника
Кумановец застрелан и оставен на нива
Ветеран на ОВК фатен со лажен македонски пасош
Натепан стружанец, кој сакал да спречи тепачка