БОБ ДИЛАН
Незаинтересиран да се запознае со Обама
Американскиот претседател Барак Обама беше одушевен кога во Белата куќа се запозна со Боб Дилан и признава дека сега може да разбере како некои луѓе се чувствуваат кога се запознаваат со музичката легенда. За разлика од многу ѕвезди, Дилан, во свој препознатлив стил, не беше заинтересиран да се запознае, ниту да се фотографира со Обама по настапот во Белата куќа, а претседателот на САД имаше лимитирано време за да го искуси друштвото на Дилан.
„Беше баш онаков каков што и го замислував. Не сакаше да дојде на проба, ниту имаше некаква желба да се фотографира со мене. Обично сите изведувачи умираат од желба да се сликаат со мене и Мишел пред настапот, но тој не се појави. Заврши со последната песна, се симна од сцената, за момент се ракувавме и потоа си замина. И толку од него... Едноставно, си помислив, како да сакаш Боб Дилан да биде таков. Не сакаш таква личност да дава лажни насмевки и зборови, да ти се „лигави“. Сакаш да биде малку скептичен околу целата претстава. И, така и беше“, изјави одушевениот Обама. |