Број 3413  петок, 22 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Економија

„Алкалоид“ во Србија продолжува со ширење

„Алкалоид д.о.о.“ Белград самостојно произведува 31 фармацевтски производ. Производните капацитети зафаќаат површина од 916 квадратни метри, од кои близу 700 м2 се производни капацитети, а останатите се административен дел. Годишно може да се произведуваат 23 милиони блистери или околу 10 милиони кутии готов производ. Вкупната вредност на досегашната инвестиција е околу 750.000 евра со план за натамошно проширување и надградување.

Инаку претседателот Ѓорге Иванов вчера ја посети „Алкалоид“ во Белград заедно со Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на УО на „Алкалоид“.

Подружницата на „Алкалоид“ во Белград е една од тринаесетте, која нашата најголема фармацевтска компанија ги има во светот, покрај Швајцарија, Словенија, Албанија, Косово, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија, Црна Гора, САД, Русија и Украина.

Белградската подружница има статус на средно претпријатие, со 41 вработен локален кадар во административниот дел на медицински маркетинг и 15 во производните капацитети. Производните активности се однесуваат на широк спектар на фармако-терапевтски групи и тоа: антиинфективни лекови, лекови за третман на кардиоваскуларниот систем, нервниот систем, како и лекови за третман на гастроинтестиналниот тракт. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 1367 пати.

Испрати коментар

Од: Od mene
Датум: 22.10.2010 12:46:50
A bolje ke bese so direct-sales na visoko narkoticni "lekovi", za toa ke gi bide poveke...
Од: zok
Датум: 23.10.2010 17:38:07
Isklucitelno najdobra farmaceutska kuca na Balkanot.

Најди! во Утрински
Економија
Дали ни се подготвува нов струен шок?
Професор или министер - почна трката за гувернер
Курсот на денарот останува стабилен






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency