Број 3408  сабота, 16 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Македонија

Корупцијата ја осиромаши државата за три милијарди денари

Правдата ќе го стигне секој што се обидува да се збогати со злоупотреби

„Само во текот на минатата година полицијата откри случаи на корупција во кои вкупната штета на буџетот изнесува три милијарди денари“, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, од Охрид.

Во рамките на македонското претседателство со Комитетот на министри на Советот на Европа вчера во Охрид почна Регионалната конференција посветена на борбата против корупцијата, на која учествуваат 70-ина претставници од 12 држави од Југоисточна Европа, претставници на повеќе меѓународни организации, како и експерти.

Корупцијата ја разнишува правната држава и ги загрозува и нарушува квалитетот на животот, благосостојбата на граѓаните и развојот на демократијата, беше истакнато на вчерашниот форум. Како инкриминација може да биде едноставна, но корупцијата може да се јавува и во сложени форми. Независно од тоа, државните институции треба да дејствуваат превентивно, но и репресивно.

„Тоа ќе биде порака до сите дека корупцијата е неисплатлива работа и оти правдата ќе го стигне секој што на тој начин се обидува да дојде до материјална корист“, предупреди министерката за внатрешни работи.

Промена на законите, подобра координација меѓу институциите кои работат на полето на борбата против корупцијата и организираниот криминал, надворешна соработка и обуки се само дел од елементарните реформи што Владата ги презема во насока на справување со коруптивното однесување.

„Поради утврдени елементи на коруптивно однесување со злоупотреба на службена положба, кривично беа пријавени 214 носители на јавни функции, службени и раководни лица кои злоупотребиле речиси 1,4 милијарди денари“, појасни министерката за внатрешни работи. Притоа оцени дека ефикасноста во антикорупциската борба постојано се подобрува, што го поткрепи со податокот дека годинава, споредено со претходниот број откриени дела, статистички се зголемува за 61,5 проценти.

„Поставувајќи репер за нулта толеранција на корупцијата, Министерството за внатрешни работи преку изградба на контролни механизми, мерки и активности го стеснува просторот за коруптивно однесување на полициските службеници и соодветно го открива и го санкционира секој конкретен случај за кој постојат докази“, додаде Јанкулоска. (Д.Р.)


#
Статијата е прочитана 585 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Спаска Митрова го доби детето
Поранешни југохромци бараат плати
Нема кој да го спаси лозарството






Macedonia's fences do not make good neighbours
Croatia heading for possible early elections
Commission expected to give green light to Montenegro EU candidacy