Лиле Илиевска вчера се онесвести. Политичари дефилираат во дворот на семејната фарма
Битола - Нервите попуштиле, нозете веќе не ја крепат 57-годишната Лиле Илиевска, мајка на млекарот Душко, која падна на земја во бессознание додека на својата фарма во Битола се обидуваше пред новинарите да објасни какви притисоци трпи семејството од полицијата. Падна во меѓата скршена од болка што нејзините два сина Душко и Цане и сопругот Томе се во притвор осомничени за одгледување марихуана. Прво на што се сети откако се освести беше апсењето на нејзините чеда и на сопругот.
„Ах, леле, леле, четворица дојдоа, не беа во полициски алишта, беа облечени обично. Ми рекоа дека нема ништо страшно, само сакале да го прашаат нешто Душко. И ми го зедоа детето. Томе стана и рече дека нивите се негови, не се на Душко, и на двајцата им ставија лисици, а мене ми рекоа да не зборувам многу оти ќе ме врзеле. Обесете ме подобро, нека знае народот оти Хитлер вака им правел на луѓето како што сега вие ни правите. На правдина не' земате“, зборуваше мајката Лиле, која последната недела од мака заборавила да јаде, да пие и да спие, заборавила на лекарства.
Притрчавме да и' помогнеме, излезе и нејзината 27-годишна снаа Вера. Снагата и' затрепери, солзи и' потекоа кога ја виде мајката легната на земја зашто Лиле сега е столбот на фамилијата.
Жените постојано прашуваа се' погласно и погласно дали ова мачно семејство што се' во животот спечалило со мака и со своите рамења, може да биде дилер на дрога.
„Да ги пуштат мажот ми, свекор ми и девер ми од затвор. Тоа ни е маката и болката. Децата ни се плашат и плачат, прашуваат кога ќе си дојдат од затвор. Утре, им велиме, утре, ама до кога ќе ги лажеме“, рече облеана во солзи помладата снаа на семејството Илиевски, 27-годишната Вера, која за Цане дошла во Македонија од албанскиот град Скадар.
Фармата на Илиевски во индустрискиот дел на градот стана место за парада на политичките партии, но и на бизнисмени, кои најавија дека секој ден ќе ги откупуваат земјоделските производи од нивите на Илиевски. Вчера со предизборна сценографија со свилени знамиња и со маици на кои пишуваше „Брат Љубе“ дојде лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, со дел од своето членство. На мајката Лиле и' понудија да помош во нивите околу летнинат��, но и правна помош.
Изнемоштената жена јасно им порача: „Не ми треба помош на нива. Мажите да ги извадите од затвор“, рече тивко Илиевска.
Ексминистерот за внатрешни работи, Бошкоски, се обиде да ја утеши мајката зборувајќи дека и тој во два наврата бил жртва на политички монтиран процес.
„Тука сме да му помогнеме на семејството се' додека судот не докаже дека не може никој Душко и неговата фамилија да ги прогласува за виновни и да го апси на ваков спектакуларен начин. И јас сум жртва на два монструозно монтирани процеса. Но, наркодилерите и наркобосовите живеат и се на врвот на македонската полиција. Затоа ќе побараме да се изврши претрес во становите на високи политички функционери“, рече Бошковски, обвинувајќи дека Владата комплетно ја контролира судската власт поигрувајќи си со човечките судбини.
Бошковски понуди експертиза за нивите на Илиевски каде што полицијата пронајде над 200 стебла канабис сатива.
„Марихуаната е присутна насекаде, но Министерството за земјоделство е должно да ги отстрани овие диво растенија, бидејќи самото берење од обични граѓани претставува кривично дело. Уште пред две години е апелирано за оваа состојба во Битола и ништо не е направено од страна на Министерството. Од ботанички аспект и во дивиот коноп има супстанција од која би можело да се прави дрога, па дури и во конопот што го користат водоинсталатерите. Но, прашањето е дали некој свесно го одгледува. Ако сакате да видите како личи одгледувана марихуана во плантажа, ја има во Стојаково, селото каде што премиерот е зет“, рече Владимир Вангелов, агроном, експерт за земјоделство во Обединети за Македонија.
И покрај тоа што Министерството за земјоделство е посочено како одговорно за расчистување на состојбите во битолско поле каде што веќе на големо се апелира дека е преплавено со диворастечка марихуана, вчера при посетата на Битола министерот Љупчо Димовски рече дека ниту една од надлежните институции не поднела барање да се изврши увид на теренот.
„Доколку биде побарано тоа од нас, ние во секој случај ќе извршиме механичко или хемиско уништување на канабисот. Но, само доколку станува збор за оној полски канабис“, рече министерот Димовски. (А.Б.)
*Силата ја напушта мајката на млекарот*
Сигурно е од семејното насилство што го пртрпела
од оној нејзинион Дуле (тепај мајка).
Од: Столе
Датум: 23.07.2010 00:58:17
СРАМ да им е што им прават на луѓето! Ги ограбија со Сведмилк, им ги запустеа фармите, го донесоа оној Моше Баум и гиопљачкаа повторно и сега не им даваат уште маката да си ја кажат. Па во турско ова го немало
Од: mica
Датум: 23.07.2010 01:11:38
pa dosta bese i za utrinski , ke ve zamolamn da idete vo idrizovo i siste sto se vo zatvor da gi amnestirate , a be sramota e sto e voopsto pisuvate za nego ,
Од: Жарко,Ресен
Датум: 23.07.2010 01:34:32
Сега очекувам коментари од типот "па видовте како намерно падна пред камери" или "кај и беше умот додека растела син дилер на дрога".Ех народе,народе.Го изгубивте умот и разумот.Пред наши очи уништуваат цело семејство а ние си гледаме сеир.Не бива од нас држава.
Од: Goran Makesoski
Датум: 23.07.2010 02:19:48
a sto da recat ilijadnicite majki na onie sto ja napustija zemjata i zaminaja po beliot svet kako rezultat na grabezot so bese izvrsen vo Makedonija pod zastita na Branko Crvenkoski!!!!!
Од: Silvester, Sidnej
Датум: 23.07.2010 03:11:34
Pa veke vie ke dojdete do gragjanska vojna. Ova e veke kruna. Ova e veke odraz na primitivna nacija od koj se sramam samiot sebe. Site mudreci, bedni koristoljubci...site ucestvuvaat vo igri paralelno so sistemot. Nema li sud ovaa drzavicka?
Eve vaka. ako obvinitelstvoto ne dokaze za krivica vrz semejstvoto za sto e obvineto, togas tie ke ja sudat drzavata. I logicno ke dobijat osteta. Se drugo e samo teatar, i partiski i licni igri odvratni za citanje.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 23.07.2010 06:11:23
Теророт на оцвие ненародниве стана секодневие.Но како би им било на истите и нивните партиски војничиња кога и на нив ќе се спроведува на овој начин законот и вака ќе ја добијат "ПРАВДАТА", а ќе си ја добијат.Ова не се издржува, реваншизам и терот,терор,иерор...на преродбенички нашин во портокалова боја...Ќе си го добијат...а судиите...не се срамат...каде се арамиите од РЕК,Даравелски...убицата на Партизанска...???
Гадости...кога ќе им дојде крајот?
Од: Purple Haze
Датум: 23.07.2010 08:47:23
***Од ботанички аспект и во дивиот коноп има супстанција од која би можело да се прави дрога, па дури и во конопот што го користат водоинсталатерите. ***
А од медицински аспект и кај мене во гаќи има орган кој може да се употреби за вршење на кривично дело.. Според ова, околу 50% од населението се потенцијални силувачи..
Од: Do gimi od Ivo
Датум: 23.07.2010 09:43:15
Gimi, da te prasam, kolku te plakaat VMRO - OVCIVE? Tebe da ti se sluci ova, vo denesno vreme moze da te obvinat za se i sesto odnosno so ovaa vlada za neistomislenicite. Zasrami se gimi, da ti se pluknam vo parite sto gi zemas za vakvi necovecni komentari koga se spusti na nivo da omalazuvas selsko semejstvo koe makotrpno raboti na niva. Ajde da ja zatvorime cela Bitola i okolinata zosto segde ima marihuana. Zasrami se
Од: bramoni
Датум: 23.07.2010 09:43:19
do Gimi: Choveche kaj vi vrshea portokalova lobotomija? I dali beshe na tovar na Fondot? Kako trgnala vlasta za semejstvoto Ilievi ke izvadat dosijea deka preminale na crveno na semafor. Imaj somilost kon zhenata- majka na semejstvoto, zashto ne e samo taa shto krvavo se bori za sekojdnevnata egzistencija, svoja i na svoeto semejstvo.A sudot ke si go kazhe svoeto, ama kako shto ke im reche seprisutniot Manevski, zashto ako ne kazhe taka, vednash sleduva smena na sudijata, ke mu najdat i nemu deka vo okolinata kaj shto zhivee raste konop i deka vodovodnite cevki mu se obvitkani so nego.
Од: terezija
Датум: 23.07.2010 09:49:01
Ke Ve molaaam... Zarem, "zlobno" i tendenciozno beshe prozivanjeto na ovaa Vlada kako edinstvena dosega **KANIBALSKA Vlada koja opstojuva, iskluchivo jadejki go sopstveniot Narod ** ??? A predviduvanjata deka NAJLOSHOTO doprva ni doagja veke se ostvaruvaat... Potochno se' poevidentno e nivnoto megjusebno krvolochno samoistrebuvanje ! Sekako, deka i "slepite" (nivni partijski poltroni) veke gi nasetija i gi gledaat SEKOJDNEVNITE CHISTKI...
Од: od nadvor
Датум: 23.07.2010 10:10:39
Ete ti situacija: Lile ostana vo kukata sama so dve snai, koi nemat svoite rodnini blizu, bidejki (kako što razbrav), se od Albanija - devojki od MK ne se mažat za zemjodelci a na selo, mora da se bara zad granica, i so 4 mali dečinja. Verovatno nema koj od rodninite da im pomogne - a i kako da im pomogne? Slučaj so ovaa familija, kako što gledam, e iskoristen poveke za toa, da se reklamiraat razni politički udruženija a novinarite da si go zarabotat lebot. Katastrofa!! Tragedija!! Taa nesrekna žena reče gola vistina: ništo ne mi treba, samo mažite da gi izvadite od zatvor. Znači, luge, političari, novinari, zemete pamet vo glava!! Ostavete gi ženite vo mir, ako sakate, pomognete im so rabota ili so pari a pred sé: da se ispita i da se reši rabotata. Nepravete gi ženite i decata žrtvi na vašite ambiciji! Lile, mislam na tebe i na tveto semejstvo! Pozdrav i podrška!
Од: Miroslav
Датум: 23.07.2010 10:17:10
Зошто не оставите на судот да си ја врши работата?Се врши притисок на судот од премногу пишување за истата работа - Некои медиуми го судат пред да биде донесена пресуда, а некои пак обратно. И не само овој случај. А и нормално е да се испитува ваков случај. Како земјоделец кој редовно си ја работи нивата тој сигурно бил свесен за тоа што има во неа - можел самиот да пријави, доколку не била негова. А во секој случај, жалам за неговите.
Од: Што народ сме?
Датум: 23.07.2010 10:50:08
Ги читам коментарите и не можам да сфатам што народ сме!Колку и да го плаќаат Гимчо,да е 300 денари по коментар,мизерно и нечовчки е она што го пишува.За кое судство зборувате кога премиерот веќе по медиуми го прогласи Душко за виновен.Се дигна медиумска хајка преку владините мегафони и властитутки.Кој судија смее да донесе пресуда спротивна на желбите на власта.Се срамам што ова е моја држава!
Од: bitolcanec
Датум: 23.07.2010 11:03:26
more gimi zasraqmise vakvi potrckala ilizafki kako tebe feliks i drugi za srejca malku se na broj a toa e dobro kao imas hrabros pisi nesto za 12 vmrovski direktori vo rek bitola ili prpa deka ovcarot ce stroji italijancite velat porka mizerija tesko na vemelo so vakvi titrala
Од: Ana
Датум: 23.07.2010 11:53:37
Koj sme nie da sudime dali se vinovni ili ne? Ima lis sud vo Makedonija? Ima li institucii? Ako imalo droga ostavete lugeto da rabotat. Ne e bitno ni partija ni semejstvo. Eve vo Francija nad 30 tatkovci i braka i sinovi bea zatvoreni 7 godini pod somnenie za pedofilija nekolku se obesija vo zatvor za na kraj da se doznae deka se bilo namesteno i se trgnalo samo od edna zavidliva zena. Kako i da e droga e droga jas imam 16 godisen sin i ne go zalam ova semejstvo. Mozele da prijavat ili da ja iskornat drogata a ne da gi ranat kravite. Bilo div konop ajde be. Jas veke mleko bitolsko ne kupuvam. Bas me interesira dali komentarov ke mi bide objaven.
Од: strumica
Датум: 23.07.2010 12:03:15
Citam nekoi komentari i nemozam da se iznacudam.Nemozam da sfatam dali lugeto se tolku surovi i zlobni i ja izgubile objektivnosta ili pak do taa mera im e isperen mozokot pa mislat so rudimentiranoto mozoce na Grujo.Narko diler bogami neizgleda iznamacen kako Dusko i negovoto semejstvo .Narko dilerite dragi moi se gospoda vo skapi kostumi so skapi koli galantni i piknati pod kozata na sekoja vlast. Ne krevaat galama okolu 30.000 Evra,zosto tie pari se za niv macja kasa ne si go rasturaat biznisot od milioni evra za da mu pravaat vreva na Grujo po TV ili pak da i pomogne na opozicijata da sobira politicki poeni.Dusko zavisi od tie pari od Swedmilk zivee od zemjodelie od mlekoto i zatoa taka revnosno si gi barase .Problemot dragi moi e vo frustraciite i komleksite na FIREROT.Logikata ne Grujo veli ,,Koj e toj sto soberal hrabrost da mi se sprotistvai mene i toa javno na televizija sega ke vidi toj so koj si ima rabora .Ima jas da go naucam na pamet.Pozdarv do Dusko i fam.Bidete hrabri
Од: Verica
Датум: 23.07.2010 12:59:30
Policijata neka si ja raboti rabotata,sekoja cest za Policijata i za Vladata,mediumite isto si ja rabotat rabotata ,nivno pravo e da informiraat dali vistinito ili ne ,citatelite se dovolno pametni,pa sami ke ocenat.A za politickite montirovki i unistuvanjeto na semejstvoto da se vratime 15 god nanazad i da se zaprasame,pametot uste ne drzi,kolkku semejstva se unistija ne edno,ne sto ,ILJADNICI,na celi Generacii im se unisti idninata!Pa zarem toa ne bese za nekoi LICNI INTERESI,za OLIGARHIJATA I OKTOPODOT?!Kakvo e toa LICEMERIE sega od strana na SDSM?!
Од: "vodolija"
Датум: 23.07.2010 13:09:18
Denes posleden pat ke komentiram na tema-kanabis, i toa cisto so cel za EDUKACIJA NA PROGONITELITE .Znaci: Jankulovska i Gruevski, sami se DONESOVTE vo ZIVOTNA OPASNOST!?TOA STO ste momentalno na vlast ,NEMOZE DA VE AMNESTIRA OD OPASNOSTA PO ZIVOT!? Poslusaj Te gi branitelite na obvinetite!? Pustete gi obvinetite da se branat od SLOBODA ,zatoa sto deloto ne prestavuva OPASNOST za drzavata pa da im se sudi pod HITNA POSTAPKA!? Zapamtite!!! ZA OVOJ SADIZAM , ke letnat covecki glavi!!! AKO VLASTA JA IZGUBITE , SOCUVAJ TE SI GI GLAVITE--VASI SE !!!Mozebi ke gi PRERODITE VO NOVI IDEOLOSKO TERORISTICKI DEJSTVIJA !!!???Molam Vebmasterot da go objavi napisanoto,poradi Edukacija na progonitelite,a ako nekoj misli deka e povreden neka se obrati za adresa !!!???
Од: ne e bitno
Датум: 23.07.2010 13:33:28
Se soglasuvam so Silvester Sidnej...Seto ova e veke primitivizam... politicki glupavi igri, nevini zrtvi, koi treba da ja tuzat drzavata i toa.
Од: Трпе
Датум: 23.07.2010 14:23:29
Кој на друг гроб му копа,не е далеку времето кога самиот во него ке пропадне.Читајки ги коментарите на Џими,Мирослав и други партиски загари се гледа до каде е стигната диктатурата со ова блада.И самите пишувачи на коментари се гледа дека ги пишуват под притисок на нивните наредбодавци.Не е далеку времето кога :Се се враќа се се плаќа.Кога ке го осетите на свој грб,ова што се случува на семејството Илиевски,ке се преколните што сте ја одбрале погрешната страна.
Од: smilka
Датум: 23.07.2010 14:46:58
Кога станува збор за дрога надвор од контекст се било какви коментари,треба да внимаваат сите почнувајки од новинарите а најмалку треба да се мешаат и да го случајот користат и злоупотребуваат политичарите,оти навистина стана смешно и жално со овој случај.Еве јас сум обичен смртник и живеам на село.Без пардон лесната заработка без пот не бира ни село ни град,а дрогата сегде навлегла и пак ке речам секаде и во град и во село.Дивиот коноп го има насекаде не само во западна туку и во источна Македонија и да ми простат смрди на гомна и ништо не го јаде демек кравите ги хранел.очигледно човечкото суштество е ,,најголемо говедо,, без навреда за стоката па за пари и гомна ке апне а дрогата што друго е освен г.....Па почитувани новинари и политичари кога станува збор за дрога,насилства,тероризам,криминал и тн страни нема.