Број 3026  петок, 03 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

„Едип“ вечерва премиерно во Скопје

На Малата сцена на Македонската опера и балет вечерва во 21 часот премиерно, во рамките на манифестацијата „Скопско лето“, ќе биде одигран „Едип“, музичко-сценски театарски проект во режија на Златко Славенски, кој е автор и на текстуалната предлошка и на драматуршката обработка на текстот „Цар Едип“ од Софокле.

Главната улога - ликот на Едип му е доверена на актерот Ѓорѓи Јолевски, а претставата е прва нивна соработка од ваков вид.

„Потрагата по вистината, која е во фокусот на претставата, ме натера да работам на овој проект“, деновиве изјави Златко Славенски, кој верува дека човекот може да разбере дека не може да контролира се'. Вели дека Едип во претставата го зел како инспирација и мотив, но потенцира дека во неа гледачите нема да го видат Едиповиот комплекс.

Познатиот мит за Едип е испреплетен врз фундамент сочинет од етика и естетика, кои во својот сооднос го создаваат ткивото на доживувањето на случувањата. Во центарот на збиднувањата е човекот кој не сакајќи греши и со тоа е многу поблизок до обичниот човек, но во исто време и трагичен јунак од посебен формат.

Актерот Ѓорѓи Јолевски, кој сам ќе игра на Малата сцена, изјави дека за него секоја премиера е голема возбуда преку која тој повторно се враќа во светот на возвишената енергија. „Оваа претстава е работена со неверојатен интензитет, а ликот на Едип е нешто кое секој актер може да го посака“. Публиката ќе има можност репризно да го види „Едип“ и во недела.Продуцент на проектот е „Планет прес“, а копродуценти се Театар „Квартет“ и МОБ. Видео и аудио реализацијата е на „3D Проект Студио“. (К.Р.)


Статијата е прочитана 181 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Импресивна книга за раскошната убавина на македонскиот пејзаж
Карлови Вари ќе ги донесе Џон Малкович и Изабел Ипер
Промовиран спотот за Охрид - градот на светлината
Почина Карл Малден, оскаровецот од стариот Холивуд
Македонски уметници на „Внатрешен свет“ во Берлин