Број 2923  петок, 27 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

Останувам верна на мојата публика во Македонија

Претпоставките, шпекулациите и мистериите околу „исчезнувањето“ на Калиопи, по нејзиниот настап со Наум Петрески на македонскиот Избор на песна за Евровизија, како и „толкувањата“ во јавноста за нивниот револт, протест, реакција на случувањата во Универзална сала за време на изборот, Калиопи реши да се огласи официјално преку својата „Калиопи мјузик продукција“. Таа и понатаму останува на ставот дека се воздржува од секакви изјави и коментари, но дека и понатаму им останува верна на своите обожаватели во Македонија.

„Земајќи ги предвид написите и шпекулациите без кои очигледно не може да помине ниту еден евровизиски избор во Македонија, „Калиопи мјузик продукција“ како официјален правен застапник на Калиопи во јавноста и Калиопи се оградуваат од какви било изјави и коментари во однос на изборот, пред се' поради опасноста од нивно вадење од контекст на кажаното, со што само се доведува во прашање одржаниот избор и се создаваат неосновани ставови и впечатоци кај пошироката македонска јавност.

Исто така, би сакале да потенцираме дека привременото повлекување на Калиопи од сите јавни настапи и манифестации во Македонија се должи пред се' на нејзината претстојна балканска турнеја, а никако не поради своевиден протест или револт кон однесувањето на малубројните навивачки табори во Универзална сала, зашто тие не се олицетворение на македонскиот народ, кој секогаш досега умеел да ги препознае и почитува вистинските вредности и квалитет.

Калиопи токму преку своите следни концерти во Македонија секогаш докрај ќе и' остане верна на својата публика и на своите обожаватели“, се вели во соопштението на „Калиопи мјузик продукција“. (Ј.П.)


#
Статијата е прочитана 2225 пати.

Испрати коментар

Од: stole
Датум: 27.02.2009 08:19:49
Kaliopi bila, e i ke ostane eden od podobrite Makedonski brendovi koi na najdobar nacin ja predstavuva nasata drzava sekade niz svetot. I pozeluvam golem i uspesen nastap na predstojnata Balkanska turnea.
Од: MIKI
Датум: 27.02.2009 08:49:39
pesnata bese uzasna,ostavete gi mladite da odat napred i da ne pee vo mkd cudo golemo, nema pesna nema pari.
Од: Saso
Датум: 27.02.2009 09:48:36
Kaliopi e nesomneno edna od najdobrite, ako ne i najdobriot vokal vo Makedonija. Se nadevam ne e premnogu subjektivno, zosto se raboti za potvrdena vrednost vo muzikata i kaj nas, a i posiroko. Sepak, ne mozam da svatam zosto nasite najdobri peaci si dozvoluvaat na vazni nastani ,kako sto e izborot za evrovizija ,da se pretstavuvaat so nekakvi potprosecni pesni. Rezultatite potoa se ocigledni i toa ne samo spored evropskite merila.
Од: monika
Датум: 27.02.2009 09:56:47
Golem pozdrav do Kaliopi! Neka ne dozvoli 30-40 huligani da odlucuvaat za nejzinata kariera.I ke ja zamolam da ne dozvoli zaradi nekoja nevospitana grupa na nedorasnati deca , ogromnata nejzina publika da strada.Pozdrav
Од: boxer
Датум: 27.02.2009 11:05:10
...... Koj ja pismani odma da se javi.....?????
Од: Petar od Pert
Датум: 27.02.2009 12:30:51
Navistina nemozam da se vozdrzam a da ne komentiram. Vreme e Makedonskata javnost da se nauci da si go ceni saka i neguva ona sto navistina e kvalitetno, uspesno i dokazano. Za mladite ima vreme, no koga e vo prasanje Kaliopi, nejzinoto ime treba da se stiti i gradi kako kralica na Makedonskata zabavna muzika. Taa ima stil, kvalitet i atraktivnost koj navistina se ceni na svetskiot podium. Sto mislite za svecenoto otvaranjeto na "Aleksandar The Great" Makedonskiot istoriski, zabaven i rekreativen centar vo Pert, Australia , koj ce bide pokanet od Makedonskite Umetnici, da nastapi vo kulturnata programa koja ce se odrzi vo golemiot amfiteatar(koloseum). Siguren sum deka vo momentov zasluzuvaat samo: Kaliopi, Naum P. Suze S., Sintezis, Dragan Dautovski, Simon Trpcevski i mozebi uste nekolku koi na edna raka mozes da gi izbrois. Zatoa ve molam, Kaliopi e najvrednata ziva ikona na Makedonskata zabavna pesna, i kako takva treba sekoj da ja prifati.
Од: Mimi
Датум: 27.02.2009 13:51:52
Nikoj ne go osporuva kvalitetot na Kaliopi, taa e dokazana pejacka so dolgogodisna uspesna kariera...se soglasuvam so toa. No, nekako na sekoj izbor za Evrovizija se slucuva istoto, morame da birame pomegu peac i pesna. Taa e kvaliteten peac, no navistina max haoticna pesna... ili pak da bide dobra pesna, a glasovnite moznosti na izveduvacot ili pak iskustvoto na muzickata scena...nikakvo. Vo sekoj slucaj navistina jas licno smetam deka treba da se povleceme od ovoj izbor...ocigledno e deka ne e veke kako porano koga se cenese dobar scenski nastap, kompozicija i slicno, sega se e nekako ispolitizirano i nie kako mala zemja nema nikogas da pobedime, bez razlika na pesnata ili pejacot.
Од: carrie
Датум: 27.02.2009 15:26:34
e viseee strasna rabota i ako se povlece.............
Од: don-na
Датум: 27.02.2009 15:30:17
bla...bla...bla...sama si ekriva. Ako e tolku golem covek kako sto se prai, neka prifati poraz i neka izleze od nego so dignata glava, kako heroj,a ne so spustena kako kukavica. A i,veruvam poveketo ke se slozat so mene deka e mnogu golema glumica...
Од: Б.А.
Датум: 27.02.2009 15:54:11
Искрено песната која ја изведе Калиопи на овогодинешниот Евросонг беше песна која е тешка за слушање. Можеби песната поседувала квалитет и богатства итн итн според стручните музичари (иако во глобала особите во жирито беа далеку од стручњаци за музика) ама пошироката публика вклучувајќи ја и европската тешко ќе беше да ја "соџвака". За жал кај нас уште им е тешко на многу луѓе да сфатат дека пред се е важно да се избере ПЕСНА, а НЕ ПЕЈАЧ. Многу веројатно е тоа дека Калиопи ја навредило тоа што таа како толку долго успешен музички уметник не успеа да победи и победија нови музички имиња кои сеуште не се ни една година на естрадата.Но тоа дека Калиопи е врвен уметник и има дело кое заслужува најголема почит никој не го спори! СПОРНА БЕШЕ ЛОШАТА ПЕСНА! За жал разочарувачки звучеа и некои нејзини заканувачки написи по весниците во кои таа изјавила дека АКО СЕГА НЕ ПОБЕДИ, НИКОГАШ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА УЧЕСТВУВА... Ова искрено за мене е премногу ниско за особа како неа доколку навистина го кажала.

Најди! во Утрински
Забава
Вечер посветена на најдобрите во 2008 година
Се` помалку гласови го одбираат победникот
Апстинирањето од музиката е како пауза во животот