Хороскоп
Овен
Потребно е многу сила и упорност за да ја совладате моменталната криза. Доколку таа се однесува на здравјето, не очајувајте: повторно ќе бидете во форма, но пред тоа мора да преземете нешто конкретно. Успехот врзан со финансиските вложувања, стипендии и недвижен имот ќе ви го разубави денот.
Бик
Бидејќи го сфаќате значењето на врската во која се наоѓате, настојувате да ја зачувате по секоја цена. Не дозволувајте љубомората и несигурноста да победат. Доколку искрснат проблеми, пристапете им полека, но сигурно. Денот е поволен за уметници и за сите оние што уживаат во убави работи. Не претерувајте со консумирање алкохол и цигари.
Близнаци
Конечно, тргнувате од мртва точка, иако тоа нема веднаш да го почувствувате. Ќе мора да мине ден-два, па да сфатите дека непријатностите се зад вас. Бидете внимателни за да не ја пропуштите шансата повторно. Во односите со околината сте критични, но не и самокритични. Учете да ги увидите сопствените грешки.
Рак
Врз околината дејствувате доминантно, така што ќе ви прави отстапки и услуги на кои не сте се надевале. Некои нешта се врзани за емотивниот живот, креативната работа и напредокот воопшто – конечно, тргнуваат од мртва точка. На вас е колку ќе бидете агилни и ќе извлечете максимум од ситуацијата. Бидејќи го имате разработено планот до детали, со помош на планетите надевајте се на успех.
Лав
Уживате во брачниот живот, во топлината на домашната атмосфера. Потребно ви е извесно време да се олабавите и одморите, а тоа најдобро успевате дома. Слободните мигови ги минувате средувајќи ги личните работи, а акцент ставате на изгледот. Можеби сакате некого да освоите?
Девица
Поради што се двоумите? Околностите ви одат на рака, па нештата поради кои се двоумите ќе дадат плод. Многу застои се зад вас, па немате причина за грижа. Крајно време е клопчето да почне да се одмотува и да ја добиете заслужената награда. Успехот е неминовен.
Терезија
Решавате важни парични прашања. Бидејќи сте концентрирани на тоа, може да пропуштите многу други работи. Во фазата во која сте мора да се ангажирате максимално за да ги поправите финансиите. Немате време за губење, па се одлучувате за најефикасната варијанта. Финансиската ситуација се поправа.
Скорпија
Пред вас е напорен ден, придружен со тешка работа и замор, што нема да ви падне тешко. Доаѓа и до расветлување на некои замаглени проблеми. Ситуацијата не е толку лоша како што моментално ви изгледа. Во наредниот период ве очекуваат многу убави настани и прослави, барем за сопствениот роденден.
Стрелец
Во извесна ситуација сте воздржани, најверојатно, водени со лоши искуства. Гледате како другите се нервираат и зборуваат, што воопшто не ве допира. Конечно, научивте да се однесувате соодветно на искуството и мудро да одреагирате. Многу сте отворени, брзоплети и искрени.
Јарец
Слободните мигови ги минувате во друштво на пријателите. Доколку не сте тврдоглави, подобро ќе се чувствувате. Обидете се да се консултирате со нив и побарајте совет во врска со ситуацијата во која грешите. Бидејќи постои симпатија кон една личност, дајте и' отворено до знаење што чувствувате, ако не со зборови, барем со поглед.
Водолија
Многу работите, но задоволни сте зашто вашиот труд се исплатува. Не жалете се никому, туку обидете се да сфатите дека деловните понуди не се укажуваат толку често. Наскоро ќе ги решите сите статусни прашања што можат да влијаат на понатамошниот животен тек, па бидете подготвени на разни варијанти.
Риби
Подготвени сте за акција. Мотивирани сте до таа мера што немате време да размислувате за детали. Бидејќи тежнеете кон сигурна позиција, размислувате за тоа како да и' се доближите на важна личност или да започнете важна врска. Некои работи се случуваат побавно отколку што очекувавте, но не ви пречи тоа.
|