Утре пренасочен сообраќај
Утре во периодот од 5 до 18 часот ќе има изменет сообраќаен режим по градските улици. Забрана за движење на возила ќе има на потегот од раскрсницата на улиците „Димитрие Чуповски“ и „Даме Груев“ до раскрсницата на булеварите „11 Октомври“ и „Кочо Рацин“. Од 11,30 часот до 13 часот нема да се вози ниту по „Партизански одреди“ од раскрсницата со „Московска“ до булеварот „ВМРО“ во правец од Ѓорче Петров кон Центар, а од 11,30 часот до 12,30 часот по левата коловозна лента.
Пренасочени ќе бидат и сите автобуски линии. Така, оние што возат по улиците „11 Октомври“ и „Димитрије Чуповски“ ќе бидат пренасочени по „Св. Климент Охридски“ и „Железничка“, а автобуската линија број „16“ ќе сообраќа преку „Југодрво“ и Бит-пазар до населбата Железарница.
Автобусите, пак, што се движат кон Карпош ќе бидат пренасочени по булеварот „Кочо Рацин“ и преку „Мито Хаџивасилев-Јасмин“, додека „16“-ка од Бит-пазар до Пржино ќе оди преку „Југодрво“. Автобусите што сообраќаат по „Партизански одреди“ од Ѓорче Петров кон Центар ќе возат по „Московска“, „Гологанов“, М.Х.Јасмин“ и „Железничка“, а во обратен правец преку „Рузвелтова“ и „Илинденска“ до „Московска“, па повторно по трасата на „Партизански одреди“. |