Број 3079  сабота, 05 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Поглед

Ревизија на ревизорот

Катица Чангова

Министерството за внатрешни работи, дефинитивно, е најклучната институција во синџирот институции во државата. Сите мораме да сфатиме и да се помириме со фактот дека ништо, ама баш ништо, не може да мрдне без одобрение од МВР. Од пријави за кучешко лаење до пријави за тежок криминал.

Ова по милионити пат го потврди и случајот ревизија на деловните книги во Министерството за транспорт и врски. Сериозни индиции за можни финансиски малверзации во ресорот на Миле Јанакиески тешки милиони евра од кои се добива вртоглавица навести Државниот завод за ревизија. Уважените реномирани и стручни контролори на јавните пари повеќе пати досега потенцирале дека наводите во извештаите што се однесуваат за незаконитости на буџетските институции не се извадени од ракав, туку поткрепени со купишта документи.

Но, макотрпната работа на ревизорите како да се става во втор план. Џабе е тоа што опозициската СДСМ јавно го прозва Обвинителството, сугерирајќи сериозно да се зафати со злоупотребите во „центрифугата за трошење на парите од народот“, како што го дефинира Транспортот.

И додека во секоја нормална држава Обвинителството покажува цврста рака и веднаш влегува во истрага, кај нас работите се изместени. Секој ревизорски извештај Обвинителството го проследува во МВР, бидејќи немало експерти за самостојна проверка на издржаноста на доказите пресудни за заклучоците на ревизорот.

Значи, Министерството за внатрешни работи ја презема улогата - ревизор на ревизијата. Постапкава, зависно од тежината, може да трае со месеци, па дури и цела година.

Тешко е да се поверува дека Јанкуловска ќе си ја расипе калимерата со Јанакиески, спроведувајќи го на информативен разговор.

 


#
Статијата е прочитана 808 пати.

Испрати коментар

Од: Objektiven
Датум: 05.09.2009 00:55:01
Ugledot na ministrite i ostanatite funkcioneri zavisi od toa kolku pari mozat da mu donesat na Sefot. Po pravilo tie mu se najmili i najbliski, taka sto toj e podgotven da gi stiti i da gi zadrzi po sekoja cena! Za niv nema ,,zima,, se dodeka se pod kapata na Sefot! Sankciite moze eventualno da usledat samo po zaminuvanjeto na Sefot od vlasta!
Од: Kaktus
Датум: 06.09.2009 00:38:22
Најопасен тип на мафија е онаа што се покрива со превезот на законот

Најди! во Утрински
Втора страница
Вербатим
Дали апсењето полицајци е работа за славење
Бумеранг“ стигна и до Ќафасан