|
|
|
|
|
|
Минивоинот дојава во грчките медиуми
Новата скулптура на Александар Македонски од скопскиот аеродром дојава вчера во грчките медиуми, предизвикувајќи бурни реакции на грчките блогови. Поставувањето миниверзија на воинот на коњ на аеродромот „Александар Македонски“, каде што по преименувањето не стапнал грчки политичар, беше протолкувано како продолжение на македонските провокации со скулптури на Александар и Филип Втори. Дел од нив поставувањето ваква скулптура на аеродромот го протолкуваа како турски подарок за Македонија, но, главно, беше оценет како уште една од многубројните отровни стрелички кон Грција. Блогерите коментираат дека колку што е негативна постапката од македонска страна, толку е полошо што нема официјални реакции од грчката влада за „злоупотребувањето на ��рчката историја“. Не изостанаа ни коментари дека ваквите споменици воопшто не и' помагаат на економската состојба и на високиот степен на невработеноста во државата.
За разлика од медиумите и блогерите, грчките политичари вчера останаа без коментари. По подигнувањето на „Воинот на коњ“, во почетокот на летото грчкото МНР забележа дека ваквите постапки не се конструктивни, а новиот шеф на грчката дипломатија во првите обраќања до нашата држава апелираше дека треба да се градат мостови за соработка, а не ѕидови и споменици. (М.П.)
|
#
|
Статијата е прочитана 1342 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Petar Trajkov |
Датум: 23.08.2011 08:00:40 |
|
А кој мост на соработка го изградија Гците до сега? |
|
|
|
|
|
|
Од: Istocna Makedonija |
Датум: 23.08.2011 08:07:37 |
|
Dobro e,no umereno i vkusno,istorijata da se potenci-
ra so podignuvanje i na spomenici-pametnici.Da ne
se navleze vo ,,tvorecka tavtalogija,,i statua na velikiot
voin da osamne vo sekoe naseleno mesto(pogolemo)
soobrakajno pristaniste i slicno.Togas,nenma da bide
,bas,vkusno! |
|
|
|
|
|
|
Од: Tina |
Датум: 23.08.2011 08:45:50 |
|
Vreme e veke da im se zatne muckata na Grckite
midiumi i drugi koji ja vikat Makedonskata istorija,
"Grcka" Svetskite istoricari se krivi za takvi dozvoluvanja na site koji poseduvat Makedonska zemja a so toa ja vikat nasa istorija "nijna" po pravo na okupacija na Makedonskite teritoriji.
Bilo kako da e, okupatorite nemat pravo da ni ja kradat istorijata, bez obzir na razdelena Makedonija.
Vreme e da se upozorat istoricarite vo Kambridj, i drugite ustanovi za covekovi prava na istorijski identitet. Koj vo ovoj slucaj pripaga na Makedoncite samo.
|
|
|
|
|
|
|
Од: Сојузници |
Датум: 23.08.2011 09:45:59 |
|
Кој го мести зајакот Роџер? |
|
|
|
|
|
|
|
|