Број 3270  четврток, 29 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

„Меркатор“ не се откажува од трговскиот во Карпош

Од компанијата за пробиениот термин се правдаат со краткиот рок за прибирање на документацијата

Деспина Трајковска

Словенечки „Меркатор“ не се откажува од проектот за изградба на трговскиот центар во Карпош. Речиси признава дека не го испочитувал договорот за купопродажба на државното земјиште, но, сепак, се надева дека проблемот ќе биде надминат. Што ќе преземе конкретно, не беше наведено во писмената реакција од компанијата.

„Проблемот настана поради пропишаните долготрајни процедури, како и поради краткиот рок за добивање градежна дозвола, за што е потребна детална и обемна подготовка на проектната документација неопходна за ваков комплексен објект. Веруваме дека заедно со надлежните институции ќе го решиме проблемот на заемен интерес. Проектот за изградба на трговски центар е од долгорочен интерес на компанијата и имаме план да го реализираме“, се вели во соопштението од словенечката компанија, во кое, меѓу другото, се потенцира дека веќе во наредната година ќе почне да го гради објектот.

За изградба на трговскиот центар, инвестиција тешка над 30 милиони евра, Словенците уште во 2005 година од приватен сопственик купиле повеќе од 50.000 квадрати во Карпош, но заради дооформување на парцелата, било неопходно да откупат и дел од државното земјиште, со површина од 10.971 квадратен метар. Согласно со договорот, компанијата требало во рок од шест месеци по потпишувањето на купопродажниот договор, да обезбеди градежна дозвола.

„Поради краткиот договорен рок, не беше можно изготвување главен проект и добивање градежна дозвола. Раскинувањето на купопродажниот договор се однесува единствено на купеното државно земјиште, а не на целата парцела“, дополнуваат од „Меркатор“, кој пред два месеца доби локациски услови од Општина Карпош, а изминатиот период интензивно работеше на комплетирање на документацијата за добивање на одобрението за градба.

Според информациите од Министерството за транспорт и врски, за еден квадрат компанијата и' платила на државата 6.600 денари. Надлежните дополнуваат оти првично во купопродажниот договор рокот за обезбедување на одобрението за градба изнесувал шест месеци, а со измената на Уредбата за начин и постапка на отуѓување и давање под закуп градежно земјиште, тој рок бил зголемен на 9 месеци.


#
Статијата е прочитана 675 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Нови дрвца во центарот на градот
„Макекспрес“ со автобуси „мерцедес“
Битолската ЗОО подари десетина животни