Број 3087  среда, 16 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Македонија

Пропадна инвестицијата за фабрика во Новаци

Административните процедури ги избркаа инвеститорите

БИТОЛА - Пропаѓа единствената голема инвестиција за изградба на фабрика за етерични масла во пелагониската општина Новаци. Административните процедури ги избркаа инвеститорите. Зад инвестицијата тешка над 20 милиони евра стоеше познатиот македонски бизнисмен Благоја Механџиски заедно со други странски фирми, кои добиле финансиска поддршка од Светска банка. Но, и по речиси четири години од почетокот на постапката за изградба на фабриката, инвеститорот не доби од државата црно на бело дека може да работи на терен.

Од општина Новаци велат дека направиле се' да го донесат инвеститорот. Но, и тие повеќе од една година чекаат да дојде согласност од Министерството за транспорт и врски за почеток на изградба.

Плановите беа да се изгради фабрика за добивање екстракти од тревки и билки со помош на СО2. Тоа требаше да биде шестиот ваков капацитет во светот, што е вносен бизнис потребен за фармацијата и за козметологијата. Локацијата не случајно е избрана во битолскиот дел на Мариово, крај кој се смета за еколошки чист. Сега во атарот на селото Новаци покрај реката Црна на големата странска инвестиција потсетува само една од двете дупчења за СО2 што беа поставени на почетокот од работите колку да се види дали теренот е богат со овој гас. Земјиштето од 4.000 квадратни метри наместо со објекти и натаму е неизорана нива.

„Никој не може да чека пет-шест години за да го плати земјиштето, а да не добие документи за градба. Особено не Светска банка. Каде се урбанистичките согласности, приклучоците за канализација и за вода, пречистителната станица. Без инфраструктура , без комплетна и чиста документација странците не сакаат да финансираат. Во вакви услови за секој инвеститор поголема е шансата да се откаже отколку да направи нешто. И оваа инвестиција пропаѓа“, потенцира бизнисменот Благоја Механџиски. Тој вели дека ниту еден странски инвеститор не може да плаќа пенали за земениот кредит а да нема корист од вложената инвестиција. Во ваква бизнис-клима, според Механџиски, најверојатно ќе остане да се експлоатира само СО2 за производство на минерална вода.

На изградбата на фабриката во Новаци најмногу се радуваа невработените, но и пензионерите. Доколку фабриката се изградеше ќе се вработеа повеќе од стотина лица, а таа ќе претставуваше егзистенција за над 7.000 собирачи на билки и тревки од Пелегонискиот регион и од целата држава.

„Се' што требаше ние направивме. Извршивме пренамена на земјиштето од земјоделско во градежно, но и ние чекаме согласност од Министерството за градба. Поради фабриката ја сменивме и патеката на канализационата мрежа во Новаци, зашто не може фекалиите да минуваат покрај неа. Ако се изградеше капацитетот, тоа ќе беше на задоволство на мештаните. Ќе имаше каде да го заработат лебот“, вели градоначалникот на општина Новаци, Лазе Котевски.

За новачани пропаѓањето на оваа странска инвестиција е лош сигнал, како за локалната самоуправа, така и за државата. Општината стравува дека ваквите вести може да ги одвратат и другите инвеститори, кои во овој крај се заинтересирани да градат фабрики за преработка на млеко и на зеленчук.

„Имаме најави од домашни фирми и од фирми од Солун, Грција, во делот на селата Бач и Живојно да изградат мини-капацитети за производство на познатото мариовско сирење по традиционални рецепти, како и за преработка и за конзервирање на зеленчук. За нас уште поважно е што една австриска фирма има намера во атарот на Гнеотино да постави панел-плочи, кои ќе користат сончева енергија за производство на струја. Бараат земјиште од 40 хектари за инвестиција од над 60 милиони евра. И за сето ова од нас се очекува да направиме инфраструктура. Проблем е само обезбедувањето услови за инфраструктурата“, напомнува градоначалникот Котевски. (А.Б.)

 


#
Статијата е прочитана 797 пати.

Испрати коментар

Од: kaktus
Датум: 16.09.2009 01:37:29
Е ова ти се вика политика на привлекување на инвестиции. Бараме инвеститори, а молиме Бога да не дојдат. Прердодбата продолжува... До кој чекор стигнавме? Лазе, градоначалникот сега нека кука по инвестицијата.
Од: Petre
Датум: 16.09.2009 07:25:05
Како е можно Новаци да е еколошки чист крај кога е во непосредна близина на РЕК Битола. Авторот нека провери дали може би инвеститорот побегнал од РЕК а не заради спората администрација.
Од: Горан
Датум: 16.09.2009 08:19:26
Штета што не платиле на сметката на груефски. Инакуј три фабрики ќе имале до сеа
Од: Лебед
Датум: 16.09.2009 08:56:00
Грешка е на Механџиски што не искеширал доволно кај Миле и кај Грујо. Уште еден аут од инвестициониот бум на Грујо.
Од: sani
Датум: 16.09.2009 09:52:57
vladata nosi investitori pred kameri i go zalazuva narodot, a od toa nema nisto i tie sto doagaat da vidat begaat.ili tie sto ke dojdat ke soberat pari kako swedmilk i cao.

Најди! во Утрински
Македонија
Тутунски комбинат во Прилеп избегна стечај
Парите за битолски „Пелистер“ отишле во приватна фирма