Милошоски на собир со Филе
ВенециJа - Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски утре во Венеција ќе учествува на одбележувањето на 20-годишнината од формирањето на Европската комисија за демократија преку правото на Советот на Европа (Венециската комисија).
Министерот Милошоски, во својство на претседавач со Комитетот на министри на Советот на Европа, ќе има свое обраќање за значењето на Венециската комисија во изминатите 20 години во промовирањето и заштитата на основните принципи и стандарди на СЕ во областа на демократијата, човековите права и владеењето на правото.
На церемонијата ќе учествуваат и свое обраќање ќе имаат повеќе високи претставници од Советот на Европа, ЕУ и од ОБСЕ, меѓу кои генералниот секретар на Советот на Европа - Торбјорн Јагланд, претседателот на Парламентарната асамблеја на Советот на Европа (ПАСЕ) - Мевлут Чавушоглу, комесарот за проширување и добрососедска политика на ЕУ - Штефан Филе, претседавачот со ОБСЕ, министерот за надворешни работи на Казахстан - Канат Саудабаев, како и високи државни претставници од повеќе земји-членки на СЕ. (МИА) |