Грција сака да се најде решение за проблемот со името и утре, но чека на политичката волја на македонската Влада. Ова вчера на брифингот со новинарите го истакна портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи, Григорис Делавекурас.
Делавекурас истакна дека за време на кратката средба на грчкиот заменик-министер за надворешни работи, Димитрис Друцас, и македонскиот министер за надворешни, Антонио Милошоски, на Самитот за Западен Балкан во Сараево, грчкиот министер ја повторил потребата нашата Влада, конечно, да им пристапи на преговорите за името со конструктивен дух. Било споменато дека грчката страна сака решение и има направено многу конкретни чекори во насока на подобрување на климата меѓу двете држави.
Портпаролот на грчкото МНР изрази загриженост за изјавите од македонските државници, посочувајќи го конкретно скорашниот говор на премиерот Никола Груевски. „Сметаме дека таквата реторика е најдобрата потврда зошто е потребно итно да се најде решение за името. Прашањето за името станува мотор за национализмот. Тоа мора да се смени и ќе се смени само кога ќе се најде заеднички прифатливо решение за двете страни“, изјави Делавекурас. Според Делавекурас, Грција нема да престане со напорите за изнаоѓање решение за името, а најголема инспирација за тоа им е расположението на македонскиот народ. „Впечатокот што го добиваме од народот во ФИРОМ и нашите заеднички контакти е дека двата народа може да бидат пријатели. Нема потреба и не треба постојано Грција да се претставува како непријател на Скопје“, подвлече Делавекурас. (М.П.)
Народот на што или кој? Е драги НЈСовци, кој сега живее во 19ти век? Што мислите Македонскиот народ е составен од овци, неписмена раја? Е тој филм одамна е завршен, а вие и вашите овци треба да сфатите дека ова што им го правевте и правите на Македонците се граничи со фашизам.
Само се молам изворчето што побрзо да секне па да нема од каде да подмачкувате за да се толерира вашето однесување.
Од: iceman
Датум: 05.06.2010 10:06:07
Ako Грција сака да се најде решение за проблемот .. odma da ja priznaj Makedonija in Makedonskiot narod. Odma da priznaj oti e okupira Makedonija od 1912 godina. Odma da priznaj oti od 1912 godina ima naseleni "Grci" od Turcija i Asia Minor koj mu teknaa da si vikat " Makedonsi" za propaganda. Odma da priznai oti ja kradi Makedonskata historia . "Grcija" odma da ja kazi vistinata za Makedonija i Makedonskiot narod , i ne poveke da vrsi propaganda!!!!
Од: dragan
Датум: 05.06.2010 14:18:00
A da postavea grcite barem dva-tri patokaza so natpis Skopje na obikolnicata okolu Solun ili na patot kon Skopje koga vece neli, se tolku prijatelski nastroeni prema nas.
Tie se uste ja smetaat Srbija za svoj sosed so koj granicat, nas ne nema nikade vo toj megjuprostor, nie sme samo "nicija zemja "pomegju carinnskite kontroli na Grcija i Srbija.
Ima li kraj na ova licemerie?