Број 3299  сабота, 05 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Политика

На завршување на Коридорот 10 ќе се изначекаме

Делницата Демир Капија - Смоквица, долга 28 километри, е во фаза на изведбен проект

Билјана Ангеловска

„Македонија и Србија треба да го искористат интересот на големите европски индустриски гранки за селење на капиталот во близина на Коридорот 10 за да ги привлечат во што поголем број. Затоа е важно да го завршат Коридорот во планираниот рок до 2012 година“. Ова го рече вицепремиерот на Србија, Млаѓан Динкиќ, на средбата со македонскиот заменик-претседател задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски.

И додека српската страна планира да го искористи тој бран на емигрирање на инвеститорите и интензивно  работи на завршување на Коридорот 10, во Македонија сигурно нема да може да биде запазен рокот до 2012 година. Засега е извесно дека до крајот на годинава би требало да заврши изградбата на автопатот Табановце - Куманово, седум километри долгата делница од К-10, додека делницата Демир Капија - Смоквица е далеку од такво нешто, бидејќи се' уште не е ни почната да се гради, а според сите проекции, нејзината изградба ќе трае барем четири години. Стартот на реализацијата на овој проект доцни и поради одлуката на Грција да го повлече своето учество во финансирањето на проектот со 50 милиони евра, по што македонската Влада обезбеди 5 милиони евра, а Агенцијата за државни патишта ги искористи средствата за изработка на проектот.

„Изведбениот проект за изградба на нова автопатска делница од Демир Капија до Смоквица во должина од 28,1 километар како дел од Коридорот 10 е во финална фаза и се наоѓа на ревизија на Градежниот факултет. Забрзано се врши експропријација на земјиштето. Паралелно со овие активности се работи и на подготовка на тендерската документација, а по завршувањето на сите постапки е предвидено во март 2011 година веќе да имаме избрано изведувач на градежните работи“, вели за „Утрински“ Наташа Валкановска, директорка на Агенцијата за државни патишта.

Освен податокот дека изградбата на оваа делница од автопатот, кој е дел од Паневропскиот коридор 10 ќе чини околу 250 милиони евра, не добивме одговор од каде државата ќе ги обезбеди тие средства, како ни тоа каде ќе минува трасата, дали покрај пругата или на друга страна. Во минатиот јули министерот за финансии, Зоран Ставрески, најави дека проектот за довршување на автопатот ќе биде првиот што ќе се финансира од 40 милиони евра обезбедени од ИПА-фондовите и 38 милиони евра алоцирани за кофинансирање.

За разлика од Македонија, во соседна Србија интензивно се гради автопатот, кој го поврзува Балканот со Европа. Така, во овој период наредната година, според најавите на Динкиќ, би требало веќе да се вози по новоизградената делница низ Војводина, додека делот од Коридорот, кој ја поврзува Србија со Македонија, од Лесковац до македонската граница, се планира да биде завршен до 2012 година. (Б.А.)


#
Статијата е прочитана 2349 пати.

Испрати коментар

Од: Aleksandar
Датум: 05.06.2010 00:23:30
Sakam da prasam, zaboraviv, zosto Grcija gi povlekla parite sto trebalo da se upotrebat za gradenje na avtopatot Demir Kapija - Smokvica?!
Од: Tose
Датум: 05.06.2010 00:43:12
Додека Хрватска за овие 3-4 години изгради стотици километри нови автопатишта, нашиве не можат ниту една делница од 28 км да довршат
Од: marika cair
Датум: 05.06.2010 01:22:02
abe koj vika nemame pari pa gradime spomenici 200mil evra toa e prioritet ne patista glavno ce se slikame so spomenici nemoze da se slikame so avtopat......................
Од: kiroUSA
Датум: 05.06.2010 02:08:31
Cekate donacija ?!? Planot e gotov samo pari se ceka . I jas imam mnogu ubav plan za kuka gotov e veke 4 godini se e sredeno nema pariiii. Nego podobro ke vi bide da si go gledate Skopje polnete go so spomenici barem imate avtopat da go zaobikoluvate.i patarini fala bogu. Zrel covek nema vo ovaa drzava i gospod bega od vas bre.....
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 05.06.2010 07:54:00
Има ли во владата технички кадар кој барем малку се разбира во инвестиции и градба? Овие другарчињава преселени од министерството за економија на сегашниов ни премиер сега сите министри а министерот нивни нов шеф - нели премиер, станаа маткачи со пари но за изградба на Македонија требе нешто повече, разбирање на целиот процес, не 150% само 100%. Иако за коридор 10 има интерес од Европа и лесно е да се добијат поволни кредити и помош, владата од неспремност и политичко тактизирање доцни еве со години.
Од: Трпе
Датум: 05.06.2010 09:06:23
Нашата блада,високо лета и таа не го цени патниот собракај.Тие препорачуват да се користи воздушен собракај.А овие кои немат можност да го платат,нека се вратат на коњи и магариња.А тоа ќе ибе интересно и за туристите ,ке доаѓат во земја ,каде ке се чувствуват како да се пред дваесетина века.Еве простор за развивање на туризам.
Од: munir svajcarija
Датум: 05.06.2010 10:15:48
eeeeee makedonijo nikogas nema da se razvies kako sto gledate albanija sto bese mnogu siromasna si napravi avtopati a nie nemozeme ni da gi zakrpime dupkite na avtopatot veles skopje a kamoli da napravime novi avtopatii vikate kosta 250 milioni.i nemate pari a imate pari za spomenici sto kostaa 200milioni smena na vladata i na ministrite sto gi polnaat dzepovite.
Од: trajo
Датум: 05.06.2010 11:10:18
Grcija gi privlekuva parite zatoashto nie postavuvame iminja na Grcki heroi e toa e batka
Од: bobo
Датум: 05.06.2010 11:35:31
epa luge se gleda deka ste politicki nastroeni pa pustete go Branko crvenkovski so negovata mafija neka vi izgradi nesto dvaeset godini gradese ama za negviot gep i odozgora ja prodade makedonija i go smeni imeto sram pustete go toj ke vi napravi se ,ama znaete li koga nikogas
Од: cro
Датум: 05.06.2010 11:53:08
Koj im e kriv na hrvatite sto sega nemaat spomenici.tie si pravea avtopati..
Од: hrvat
Датум: 05.06.2010 12:25:01
Ako ne moze Makedonija da gradi AVTOPATI -HRVATSKA e tuka .Hrvatska stana zemja so najdobri patista i avtopati vo Evropa.Tenderi za Hrvatite -Dosta veke MAKEDONIJA bez infrakstruktura .

Најди! во Утрински
Политика
Во ДУИ очекуваат нов курс
Милошоски на собир со Филе
Последни во ЈИ Европа по инвестиции во патишта
Блокадата против угледот на Алијансата
СДСМ
Грција сакала решение за името и утре
„Прогрес“