12.02.2012, 12:05 Осасуна му го отвори патот на Реал кон титулата
Со поразот во Памплона (3:2), Барселона му овозможи на Реал Мадрид да создаде предност од десет бода на врвот, ако денеска (недела, 21.30 ч.) го совлада Леванте
Фудбалерите на Осасуна приредија вистинска сензација, откако во натпреварот од 22-то коло во Примера, со 3:2 ја совладаа Барселона.
Актуелниот првак, чии тренер на клупата ги остави Чави, Иниеста и Фабрегас, делуваше апсолутно загубено во првите половина час од натпреварот, кога Осасуна со головите на Дејан Лекиќ поведе со 2:0.
Алексис Санчез на стартот од вториот дел намали на 2:1, но во 56. минута по грешката на голманот на Барселона, Раул Гарсија повторно ја врати предноста на Осасуна од 3:2. До крајот Барселона само го намали резултатот со голот на Тељо.
Со овој пораз Барселона му овозможи на Реал Мадрид да создаде предност од десет бода на врвот на табелата ако денеска (недела, 21.30ч.) го совлада Леванте.
Бодовната разлика, но и распоредот кој го имаат двата тима до крајот на сезоната, речиси сигурно на Реал му ја гарантираат шампионската титула, со што би била прекина��а тригодишната апсолутна доминација на Барселона.
|
|
Статијата е прочитана 752 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Realno, Real e vece shampion, 12.02.2012 13:42:00 | Barsa e momentno prezasitena od uspesi, ama noviot shampion povtorno ce go raskantat. A kakva e toa titula na Real, bez pobeda nad Barsa? Zatoa, i samo zatoa, pa makar i LS osvoile, Murino ce dobie noga. El klasiko iznad se! Bi bilo pametno da go oterat Pepe i ushte ponekoj kako nego, pa ce navivame za Real. Real mora da neguva tehnichki, a ne siledziski fudbal, bidejci i popkraj se, toj e No.1. vo svetot na fudbalot. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -11°C
Магла
|
Вторник
Слаби снежни врнежи
Макс: -1°C, Мин: -11°C
|
Среда
Слаби снежни врнежи
Макс: 0°C, Мин: -8°C
|
|
|
|
|
|