12.02.2012, 11:58 Сребрен медал за каратистот Мишев на ЕП во Баку
Македонската кадетско-јуниорска репрезентација се закити со вкупно три медали по првите два дена настапи на Европското првенство за кадети и јуниори
Најсјано одличје освои членот на КК Металург, Крсте Мишев кој во јуниорска конкуренција во категоријата до 76 килограми се закити со сребрениот медал. Мишев во финалната борба загуби од претставникот на Литванија дури по судиското изјаснување со 2-3 во одлуки иако борбата во регуларниот дел заврши нерешено, 0-0. Претходно нашиот каратисти победи во четири борби стигнувајќи до финалето.
Бронзен медал освоија јуниорската репрезентативка, член на КК Макпетрол, Симона Заборска во категоријата до 53 килограми, како и Филип Ѓурчиновски (член на Металург) во категоријата до 61 килограм.
Заборска на шампионатот беше запрена во полуфиналната борба во пресметката со француската репрезентативка, откако претходно славеше победи против претставничките на Израел, Словачка и Германија.
Ѓурчиновски во битката за бронзениот медал убедливо со 4-0 го совла��а репрезентативецот на Израел, Бухатчев, откако претходно загуби во полуфиналето од претставникот на БиХ.
Од останатите наши репрезентативци кои настапија изминатите два дена во Баку, петто место освои Сенат Косовиќ.
|