12.02.2012, 11:27 Металург освои голем бод во Словенија
Кај Металург најдобар на теренот беше голманот Дарко Станиќ, кој имаше 18 одбрани (13 во првото полувреме), а најефикасен беше Жарко Марковиќ со 6 гола
Македонскиот ракометен шампион Металург синоќа во Копер во рамките на 8. коло од Лигата на шампионите одигра нерешено со словенечкиот првак Цимос Копер 22:22 (11:11).
Во натпревар во кој резултатот беше дури 13 пати израмнуван, Металург во поголемиот дел имаше водство, но во самата завршница домашната екипа влезе со три голови предност (22:19 – 57.минута). Играчите на Металург, сепак, успеаја да стигнат до изедначување 22:22, а во последната минута имаа и напад за победа, но ударот на Гоце Георгиевски заврши во стативата. Копер во последните секунди го имаше последниот напад, но и ударот на Милорад Кривикапиќ ја погоди стативата од голот на Дарко Станиќ.
Кај Металург најдобар на теренот беше голманот Дарко Станиќ, кој имаше 18 одбрани (13 во првото полувреме), а најефикасен беше Жарко Марковиќ со 6 гола.
Со освоениот бод Металург остана на второто место на табелата во Б групата со 10 бодови, исто толку има и Копер. На чело на табелата е Хамбург со 14 бодови. Во следното коло Металург гостува кај Висла во Полска.
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -11°C
Магла
|
Вторник
Слаби снежни врнежи
Макс: -1°C, Мин: -11°C
|
Среда
Слаби снежни врнежи
Макс: 0°C, Мин: -8°C
|
|
|
|
|
|