Број 3329  сабота, 10 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Економија

Грчкиот бензин најскап во ЕУ

Брисел - Во Европската унија Грците купуваат најскап бензин (1,518 евра за литар), додека по цената на дизелот Грција е на второ место, со 1,32 евра, зад Велика Британија, каде што литар од ова гориво чини 1,455 евра. Според најновите податоци на ЕК, Бугарија е најевтина држава во Унијата и по цените на бензините (1,03 евра) и по цените на дизелот (0,99 евра). На второ место по цената на бензините е Холандија (1,497 евра), потоа се Данска (1,439) и Финска (1,431 евра). Евтин бензин може да се купи на Кипар (1,097), Летонија (1,1) и во Романија (1,105 евра), а дизел во Луксембург (1,007), Литванија (1,055) и на Малта (1,06). Во рамките на ЕУ цените на горивата во изминатата недела поскапеа најмногу во Романија, за 6,4 центи за литар, а нафтата за 6,3 центи. Цените на горивата најмногу се намалени во Германија (за 4,9 центи, односно 5,8 центи за нафтата) и Шведска (4,2 и 5,2 центи за литар).

Од почетокот на годината бензинот најмногу поскапе во Грција, за 44,2 центи за литар. Во просек, бензинот во ЕУ е поскап за 12,1 центи или 9,8 отсто од почетокот на годината. (МИА)


#
Статијата е прочитана 489 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Ситните парцели ги изедоа субвенциите
Владата ја обвинува кризата за уцената на фирмите
Четвртата ИПА -компонента отворена, другите тапкаат во место
„Аргета туна“- паштета со исклучителен вкус
Кризата го забави растот за 10 години
Штрајкот погоди 25.000 патници