Број 3329  сабота, 10 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Економија

Четвртата ИПА -компонента отворена, другите тапкаат во место

Иако Ставрески тврди дека се искористени 53 млн. евра, невладиниот сектор презентира помали суми

Министерот Зоран Ставрески и евроамбасадорот Ерван Фуере вчера ја претставија четвртата компонента од инструментот за претпристапна помош ИПА, со која се одделуваат средства за развој на човечките ресурси и проекти во делот на социјална кохезија, како образование, вработување, како и за маргинализираните групи, со цел остварување на европската стратегија за вработување.

Македонија има 19 милиони евра од оваа компонента, кои ќе може да ги искористи. Од нив, 16,3 милиони евра се од Европската комисија за реализација на Оперативната програма за развој на човечки ресурси 2007-2013, а Владата учествува со 2,9 милиони евра од буџетот. „За периодот до 2014 година на Македонија ќе и' бидат одобрени дополнителни 20,4 милиони евра наменети за проекти за вработување, социјална вклученост и образование“, истакна Ставрески.

Оперативната програма за развој на човечки ресурси 2007-2013 опфаќа програми за вработување, привлекување и задржување повеќе луѓе во работен однос, инвестирање во човечки капацитети преку подобро образование и обука, подобрување на потенцијалите за вработување на жените од малцинските етнички заедници.

На презентацијата беше најавено дека за невладините проекти насочени кон зголемувањето на потенцијалите за вработување на жените од малцинските етнички заедници ќе бидат доделени 1,5 милиони евра. Несомнено, доколку овие средства правилно се искористат, со нив ќе се помогне развојот на човечките ресурси во државата и ќе влеат надеж за отворање нови работни места или за зголемување на бројот на самовработени.

Иако министерот Ставрески истакна дека од првата компонента на ИПА, која е насочена кон изградба на институциите, од 83 милиони евра што се на располагање, се искористени 53 милиони, невладиниот сектор кој ги следи евроинтеграциите, не се согласи. Анализите на Македонскиот центар за европско образование, кои се базираат на официјални документи од Секретаријатот за европски прашања и делегацијата на ЕУ во Македонија, до 1 јуни од првата компонента на ИПА за 2007 година се искористени 25,4 милиони евра, а од средствата за 2008 година само 2,8 милиони евра.

Од невладиниот сектор посочуваат дека државата демонстрира несериозност при подготовката на проекти и на националната развојна програма, кои се неопходни за Европската комисија да знае како да ги планира средствата од ИПА за нашата држава. Начинот на кој се справуваме како држава со проектите, како и преферирањето на други меѓународни институции како Светска банка, за државни проекти за кои, всушност, ��оже слободно да користиме европски пари, укажува дека државата „стратешки“ застранува од патот кон ЕУ. (М.П.)


#
Статијата е прочитана 278 пати.

Испрати коментар

Од: Zapadna Makedonija
Датум: 10.07.2010 12:55:32
Сега сите пари остајте ги во Скопје,а за цела Македонија ЕДНО ГОЛЕМО НИШТО....Под итно да се отворат некоја фабрика од затворениве и да не вработите,да не се иселува цела Македонија во СК.Срамота и греота ако така се постапи.Се надевам ЕУ ке води повеке рачун каде и како се тррошат сите пари.Како што Скопје е научено успешно да ги лаже европејците со наивност дека тие пари ке бидат вложени за сите во Македонија не само во Скопје.Напоменувам и дека таа заспаната ДУИ да ја унапредува Западна Македонија...се разбира и цела Македонија.Како што гледаме по телевизиве добро си живеете Скопје...па и со по две три плати,како не се засрамат еднаш Скопските демони.

Најди! во Утрински
Економија
Ситните парцели ги изедоа субвенциите
Владата ја обвинува кризата за уцената на фирмите
„Аргета туна“- паштета со исклучителен вкус
Кризата го забави растот за 10 години
Штрајкот погоди 25.000 патници
Грчкиот бензин најскап во ЕУ