Штрајкот погоди 25.000 патници
Членовите на синдикатот на „Кроација ерлајнс“ вчера изутрина стапија во штрајк, поради што се откажани третина од летовите на хрватската авиокомпанија. Штрајкот ќе им предизвика проблеми на 25. 000-30.000 патници, соопшти компанијата. Поради штрајкот, кој би требало да трае четири дена, најавено е откажување на 33 лета од вкупно 96, а од компанијата тврдат дека на патниците ќе им биде надоместена штетата.
Потпретседателот на синдикатот, Хрвое Хумек, изјави дека во штрајкот учествуваат сите, освен 20 отсто од стјуардесите и стјуардите на „Кроација ерлајнс“, кои имаат законска обврска да работат и за време на штрајк, за да се одржи минимален процес на работа. Од компанијата велат дека штетата што настанува поради откажување на летовите и оперативните проблеми, кои се јавуваат, изнесува 29 милиони куни за четири дена. „Кроација ерлајнс“ само во првиот квартал годинава забележала загуби од 13,9 милиони евра,
што е над 50 отсто од загубите за цела мината година, тврдат во синдикатот. (МИА)
|