Број 3329  сабота, 10 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Економија

Кризата го забави растот за 10 години

Економската криза во земјите на Централна, Источна и на Југоисточна Европа го забави растот за 10 години, се наведува во извештајот на Виенскиот институт за меѓународни економски истражувања.

Истражувањето се однесува на долгорочните перспективи за економскиот раст на 20 држави. Во извештајот на Институтот се истакнува дека пред кризата земјите од тие региони до 2030 година би можеле да достигнат до 90 проценти од просечниот бруто домашен производ по жител на Европската унија. Но, поради кризата некои држави по 20 години ќе достигнат до 70 отсто од БДП на ЕУ. Виенскиот институт наведува дека поради кризата се најпогодени државите што имаа голем економски раст, како што се Литванија, Летонија, Естонија и Казахстан. Додека земјите како Македонија и Унгарија, каде што растот пред кризата беше мал, помалку настрадаа од глобалната економска криза. Според Институтот, на краткорочен план 20 држави ќе имаат мал економски раст годинава од еден процент, во 2011 година 2,5 отсто, а во 2012 година растот ќе биде околу 3,5 отсто. (МИА)


#
Статијата е прочитана 331 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Ситните парцели ги изедоа субвенциите
Владата ја обвинува кризата за уцената на фирмите
Четвртата ИПА -компонента отворена, другите тапкаат во место
„Аргета туна“- паштета со исклучителен вкус
Штрајкот погоди 25.000 патници
Грчкиот бензин најскап во ЕУ