Број 3329  сабота, 10 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Економија

Владата ја обвинува кризата за уцената на фирмите

Според Ставрески, Синдикатот задоцнил со мерката за
намалување на работното време

Светската криза ја принудила Владата да донесе закон што ќе ги условува компаниите да прифаќаат работа без рокови за исплата, се оправда вчера министерот за финансии, Зоран Ставрески, одговарајќи на се' погласните реакции на стопанствениците за новото законско решение.

„Тоа значи дека ќе се реализираат проектите и нема да дојде до прекин што ќе доведе до губење на работата на фирмите, како и на работните места на вработените“, изјави Ставрески. Според него, решавањето на ситуациите во однос на плаќањето и во однос на реализацијата на проектите за изградба ќе биде спогодбено. „Секако ќе беше подобро да немаше светска економска криза и економијата да се решаваше на ваков начин“, додаде министерот за финансии.

Министерот повторно не кажа точна бројка за долгот на државата кон фирмите, само ги демантираше оние што досега се изнесени. „Мислам дека максимално правиме она што е можно во вакви околности за да се реализираат обврските на државата кон сите сегменти и верувам дека досега успеавме барем да нема големо доцнење во плаќањата. Еве би сакал официјално, со оглед на тоа дека често се шпекулира за бројките, да ги демантирам сите бројки што беа изнесени на телевизијата А1. Ве молам, не можеме секој ден иста тема, исти прашања, исти одговори“, рече Ставрески.

Владата правела напори да не се доцни многу и со враќањето на ДДВ. „Тоа е причината зошто економската активност паѓа со помала динамика отколку во други земји во кои и владите и приватниот сектор имаат поголеми проблеми“, рече министерот.

За него синдикатот задоцнил со антикризната мерка за намалување на работното време, како еден од начините за подобрување на состојбата на работниците. „Тоа требаше да го направи кога светската рецесија ја зафати и Македонија, а не во услови кога економијата полека закрепнува“, смета Ставрески. Тој најави дека за овие барања Владата дополнително ќе се изјасни. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 379 пати.

Испрати коментар

Од: mene
Датум: 10.07.2010 00:11:50
ke bese podobro ti da ne bides minister pa kako firmite ke gi plakaat rabotnicite ako vladata ne im plati abe sramota ziva e ovaa vlada saka na veresija da zivee . odi zemi si kredit od evroobvrznicata i gradi ako sakas ama plati im na firmite nikogas nema da bide od vas drzava
Од: pece
Датум: 10.07.2010 03:08:44
jas ako glasam uste ednas za VMRO,da mi se isusi rakata vednas.nema vie da dojdete nikogas na vlast poveke,samo ednas da si zaminete sega.napred makedonijo,bez vmro..
Од: Crn pojas
Датум: 10.07.2010 06:18:46
Do mene zosto ne go procitas teksto vo koj pisuva krizata e glavnata pricina ne samo za Makedonia nego i za site drzavi vo regiono,toa mu e poznato na sekoj eden osven na vas koi gedate so omraza kon vladata.
Од: filip treti
Датум: 10.07.2010 07:36:37
Bi bilo preporaclivo Vladata da gi dade na uvid amandmanite na dogovorite skluceni so italijanskite firmi za opremuvanje na teatarot i za izrabiotka na spomenicite za odlozeno plakanje, so detali za nivna reakcija.
Од: ivan
Датум: 10.07.2010 10:10:00
A ke moze li i graganite da ne plakaat edna godina danok ( na imot),voda komunalii pa krizata i niv gi ima zafateno. Eve jas kade mozam da se obratam da mi gi odlozat ovie plakanja Ako moze VLADATA mozeme i nie, neli sme ramnopravni.
Од: Мите
Датум: 10.07.2010 10:46:09
грешката е зголемуванје на бројот на буџетарите поради Рамковен, процентот може да се запази со предвермено панзионирање и технолошки вишок од националните припадности што се над процентот по Рамковен. Уште поголема грешка е качување на платите што го издејствува синдикатот пред 2 годиниу, со обилна помош на опозицијата... сега имаме енормен буџет, слично на Хрватска, за Грција да не зборувам. Но во Хрватска се спрема намалување на платите, прво на буџетарите а после по економските закони и на стопанството..
Од: ne e bitno
Датум: 10.07.2010 12:00:54
Seuste mi e smesno sto ocekuvate odgovori i rezultati od kriminalni vladi ? :) Barajte si treta opcija, da zaviee pravoto i zakonite, da ve stiti drzavata, a vakvite nesposobni sto ste gi plakale a nisto ne srabotile da si odgovaraat pred zakonot. E zatoa vi treba EU, sami nikogas toa nema da go napravite.

Најди! во Утрински
Економија
Ситните парцели ги изедоа субвенциите
Четвртата ИПА -компонента отворена, другите тапкаат во место
„Аргета туна“- паштета со исклучителен вкус
Кризата го забави растот за 10 години
Штрајкот погоди 25.000 патници
Грчкиот бензин најскап во ЕУ