Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter
Политика

Пропаднаа уставните измени

Премиерот преку писмо им соопшти на лидерите на СДСМ, ДУИ и на НД дека се прекинува процедурата за уставни измени

Уставните измени ќе почекаат подобри времиња, пресече вчера премиерот Никола Груевски. Тој во писмото што ги упати до лидерите на СДСМ, Бранко Црвенковски, ДУИ, Али Ахмети и на Нова демократија, Имер Селмани, ги обвини партиите дека немале интерес да се изврши предложената промена што ја иницираше ВМРО-ДПМНЕ.

„За жал, при иницирањето на постапката за измена на Уставот на Република Македонија, добив впечаток дека политичките партии што беа повикани на лидерската средба, на која требаше да се претстави идејата и да се постигне согласност по однос на ова прашање, немаат интерес во овој момент да се изврши предложената промена“, се вели во писмото на премиерот Груевски.

Притоа, се додава дека за него останале непознати мотивите за неприфаќањето на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер е Груевски и дека може само да претпоставува. Истовремено, премиерот вели дека за него било несфатливо како „партиите, кои постојано декларативно се залагаат за реформа во правосудниот систем, сега конкретно на дело не сакаат да го остварат тоа“.

Уставните измени беа иницирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ, и тоа во делот на Судскиот совет. На овој предлог се надоврзаа и предлозите на СДСМ за донесување амандман со кој нема да застаруваат кривичните дела поврзани со приватизацијата и барањето на НД и на ДУИ за одлучување според Бадентеровиот принцип во Уставниот суд и при донесување на државниот буџет. За таа цел, беше формирана и Работната група составена од претставници на четирите партии, но во временската рамка од две недели што беше договорена, не се дојде до компромис.

Груевски во вчерашното писмо обвинува дека сериозната и државничка работа на пристапување кон уставни измени била претворена во симулација на простор за емитирање политички ставови, со цел краткорочно подобрување на партиските рејтинзи, меѓу другото и преку отворање прашања што навлегуваат во сферата на меѓуетничките односи, а не интересот на државата.

„Жалам што процесот беше комплетно дезавуиран и на тој начин имаше обид за суштинска девалвација на проект што има цел подобрување на системот на една од властите во државата“, вели Груевски во писмото до лидерите на СДСМ, ДУИ и на НД.

На крајот, тој заклучува дека анализирајќи ги сите аспекти, увидел дека во моментално не постои атмосфера за реализација на уставните измени, па затоа процедурата за уставните измени се прекинува, а иницијативата за уставни измени ќе ја обнови ВМРО-ДПМНЕ кога ќе проценат дека се создадени услови за таква активност. (Д.Р.)


#
Статијата е прочитана 612 пати.

Испрати коментар

Од: teknuvalo
Датум: 30.04.2010 09:05:29
Се уплаши да него фатат ''жив'' за далаверите со приватизацијата!
Од: "vodolija"
Датум: 30.04.2010 10:52:55
Politickata Paranoja i nesposobnosta na Gruevski da ja vodi drzavata kon podobro se poveke izleguva na videlina!? A, toa moze da se vidi i od negovoto pismo isprateno do liderite na Opozicijata ,vo koe gi obavestuva liderite na Opozicijata deka predlozenite izmeni na Ustavniot zakon, predlozeni od strana na VMRO DPMNE se stopiraat i tie ke se aktiviraat koga ke dosle podobri vreminja !!?? Ovakvo soopstenie na Gruevski e krajno Politicko Paranojidno.!! Zosto?? Pa neli 4 god. trosejki milionski sumi pari na gragjanite, za nivno reklamiranje, tvrdaat deka Makedonija sega ziveela podobro od sekogas na nejzinoto postoenje, pa za koe podobro vreme Gruevski zboruva i go ocekuva!?

Најди! во Утрински
Политика
Кризата со лекови ќе продолжи и во мај
Полицијата нападната на Скопска Црна Гора
Слободата на медиумите падна за четири места
МВР да открие кој им се заканува на новинарите
Пет илјади Роми собираат пластични шишиња за да преживеат
Уставен суд во преса на политиката
Топло со 30 Целзиусови