Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter
Политика

Пет илјади Роми собираат пластични шишиња за да преживеат

За да се добијат само 200 денари, потребни се многу шишиња со кои се полнат огромни вреќи

Снежана Калабакова

Во Македонија УСАИД инвестираше 1,3 милиони долари за започнување и одржување на системот за рециклирање. Во тој систем на собирање на ПЕТ-амбалажа работат околу 5 илјади лица, претежно Роми. Шеесетгодишната Зумбула Омерова и Аднан Реџеп се само дел од оние што вклучени во проектот за заштита на животната средина, но и за преживување на своите семејства. Тие се дел од едно речиси сточленото големо семејство, составено од девет фамилии Роми што две години живее во колибите покрај Вардар, близу полигонот за обука на возачи. На вчерашната промоција на системот за рециклирање под Кале, евроамбасадорот Ерван Фуере беше вџашен од условите во кои живеат овие Роми. Со него беа и министерот за животна средина, Неџати Јакупи, Мајкл Фриц, директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија и директорот на ЈП „Комунална хигиена“ од Скопје, Ракип Дочи. Тие изворно од собирачите на пластика можеа да чујат и да видат во какви услови живеат. Апелираа за помош од институциите.

Ромите што се вклучени во собирањето на пластична амбалажа по цел ден заедно со своите деца шетаат по градските контејнери и собираат шишиња. Велат, потребно е да се соберат многу шишиња за да се наполнат огромните вреќи за кои добиваат само 200 денари. Овие лица не користат социјална помош, имаат нарушено здравје, немаат лични документи, а нивните деца не одат на училиште. Некои од нив избегале од Шутка, затоа што таму има многу Роми што собираат пластична амбалажа, па тешко е било да се најде во контејнерите. Токму затоа сегашната локација им е попогодна, бидејќи крстарат низ централното градско подрачје и низ населбите Карпош и Влае. Сега, велат тие, нивната егзистенција ја загрозуваат луѓето што постојано им доаѓаат и им се закануваат дека ќе им ги урнат колибит��.

„Сакаат да не' урнат, а ние немаме каде да одиме. Минатиот пат не' урнаа и останавме на дождот. Се бориме за парче леб да им дадеме на нашите деца“, вели Аднан Реџеп.

„Денес, благодарение на инвестицијата на УСАИД, постои систем во кој работат околу 5 илјади граѓани, претежно Роми. И натаму УСАИД останува да го поддржува овој сектор, особено во креирањето на нови работни места“, рече Мајкл Фриц, директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија.

Евроабасадорот Ерван Фуере изрази благодарност за проектите на УСАИД и посочи дека тие им овозможуваат на семејствата да преживеат. „Навистина е шокантно е да се види дека една сточлена фамилија во близина на градот живее во тешка ситуација. Претставниците на институциите треба да знаат дека состојбата за живеење на овие луѓе треба да биде подобрена“, изјави Фуере. Министерот за животна средина, Неџати Јакупи, објасни дека Комисијата што ја разгледува проблематиката за ова што го работат Ромите, верува дека тие се едни од најбитните алки во синџирот за собирање и селектирање на отпадот и пакување.


#
Статијата е прочитана 598 пати.

Испрати коментар

Од: mitko ohrabruva
Датум: 30.04.2010 04:22:55
Nesto korisno i od niv. Podobro da sobiraat sisinja otkolku da si gi prodavaat decata.
Од: Jas
Датум: 30.04.2010 08:17:42
Ova se vika tipicen mobing i diskriminacija vrz Romskoto naselenie od strana na drzavata Makedonija.Ovaa drzava e zrela za edna zdrava tuzba do megunarodnite sudovi i institucii.Uste pak zborat za nekakov si biznis!!Zatoa i Gospod ja kaznuva Makedonija,zatoa sto e tipicna rasisticko-nacisticka drzava i nema glava da dignat uste stotici godini.Ubavo rece vladikata Petar ednaska:"Nekade gresime kako drzava,zatoa Gospod kaznuva vaka"mislejki za Makedonskata drzava.Epa vladiko,eve ti ja greskata,koja se gleda od avion...
Од: Komentator
Датум: 30.04.2010 12:32:17
DO jas....a kade gresi gospodine drzavata....Zosto ne moze da gi integrira Romite...vo zaednicata.!!..Pa sto sakate...Imate edinstvena opstina vo svetot kade go izbravte gradonacalnikot so osmo odelenie.. skolo na Romski jazik...Na covekot mozez se da mu zemes ..so sila ama nisto so sila vo race ne mozez da mu dades..Povekemina Romi seuste ziveat po "tradicija" kupi den prodaj..sino nebo zelena treva...rabotat poveke "noke" odkolku denje...Tito umre za 12 da bide kum...I sto sega ..dodeka mentalitetot ne go smenat se ke bidat "inkriminisani" po svoja vina ...A navistina mi e zal za decata Romcinja..sto se od deca "manuelci"...po vina na roditelite....!!
Од: Kumanovo
Датум: 30.04.2010 12:39:58
Rekata Kumanovka, sto se vleva vo Pcinja, pa vo Vardar, a pominuva poktaj romskata naselba vo Kumanovo, niz legendarniot kej, setaliste, korzo eprepolna so plasticni sisinja i drug otpad. Kamo sreca romite navistina da gi sobiraat plasticnite sisinja, barem bi zarabotile nesto. Uzasna gledka
Од: Антикорупционерска
Датум: 30.04.2010 12:49:53
Пеееет Илјадиии?!?!? Под итно да им се пратат Специјални Полициски Сил(еџи)и, под полна воена опрема,за да случајно не се збогатат! :Ь

Најди! во Утрински
Политика
Кризата со лекови ќе продолжи и во мај
Пропаднаа уставните измени
Полицијата нападната на Скопска Црна Гора
Слободата на медиумите падна за четири места
МВР да открие кој им се заканува на новинарите
Уставен суд во преса на политиката
Топло со 30 Целзиусови