Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter
Политика

Слободата на медиумите падна за четири места

Очекувам дека од година на година ќе доживуваме се' поголем пад, вели Роберт Поповски, претседател на ЗНМ

Светлана Унковска

Македонија и натаму е рангирана како делумно слободна држава, се оценува во најновиот извештај на невладината „Фридом хаус“, која го следи движењето на слободата во 196 земји од светот. Според овој извештај, слободата на печатот во земјава за 2009 година е на 94. место, што од лани бележи пад за четири места. Во регионов Македонија единствено се наоѓа пред Косово и Босна и Херцеговина, кои се на 97., односно 108. место. Иако не треба да биде за утеха, организацијата забележува намалување на слободата на печатот низ целиот свет. Трендот на намалување на слободата на печатот во земјава од Здружението на новинарите очекуваат и натаму да паѓа поради се' позачестените притисоци и закани што ги добиваат новинарите од многу центри на моќ.

„Ние бележиме пад од четири места и очекува дека од година во година ќе доживуваме се' поголем пад. Ваква инфлација на притисоци и закани доаѓаат од сите страни од многу центри на моќ, но, исто така, и од обични граѓани што се закануваат дури и со физичка ликвидација на новинари. Ова е надвор од секаков елементарен демократски амбиент во една држава, во која за слобода на новинарството воопшто не може да стане збор“, вели Роберт Поповски, претседател на ЗНМ. Тој забележува дека и покрај сите укажувања, не се презема ништо да се ослободи новинарството од притисоците за да го добие своето вистинско место во општеството. Затоа, вели тој, наближува времето кога ќе го допреме дното.

„Не е никаква утеха што Косово и Босна и Херцеговина се зад нас на оваа листа. Жално е што од година во година тонеме се' повеќе. На македонските новинари им останува да се надминат себеси и да ги заборават суетите и меѓусебните обвинувања и организирани да застанат во одбрана на професија��а. Очигледно, тоа е единствениот начин како да го вратиме достоинството на нашата професија и нас како новинари“, истакнува Поповски.

Во извештајот на „Фридом хаус“, Србија е рангирана пред нас на 78. место, Црна Гора е на 80., а Хрватска на 85. место. Како најлоши на листата се Белорусија, Бурма, Куба, Екваторијална Гвинеја, Еритреја, Иран, Либија, Северна Кореја, Туркменистан и Узбекистан. Во овие земји, според оцените на „Фридом хаус“, независни медиуми или едвај може да работат или воопшто нема такви. Врвот на листата на земјите со најголема слобода на печатот и натаму ја држат земјите од Скандинавскиот Полуостров.

При оценувањето на медиумите и рангирањето на државите се земаат предвид прописите, според кои, се ограничуваат медиумските содржини, притисоците на власта врз уредувачката политика, заплашувањето на новинарите, но и сопственичката структура.

Извештајот наведува и дека состојбата со слободата на печатот се влошува веќе осум години, поради што се наведува дека само една шестина од светското население живее во земји каде што има слободни медиуми. Единствен регион каде што се забележува подобрување на состојбите е во азиско-пацифичкиот регион

„Оваа година на глобално ниво откривме уште една година на криза. Ова беше осма година едноподруго на глобален негативен тренд“, вели директорот на „Фридом хаус“, Кристофер Вокер.

Организацијата забележува дека лани продолжил трендот да се става Интернетот под државна контрола. Ова е особено карактеристично за Кина, Иран и за Казахстан.


#
Статијата е прочитана 437 пати.

Испрати коментар

Од: petre
Датум: 30.04.2010 08:44:30
Mislam deka kaj nas mediumite imaat pregolema sloboda,bidejki pisuvaat se i sesto,gi zamaraat citatelite so gluposti pocnuvaji od privaten zivot na javnite licnosti i tn.Segogas se vo sluzba na opozicijata i samo kritikuvaat.Nikogas ne napisale nesto dobro za aktuelnata vlast,koja mozebi ima i greski ama barem nesto e dobro.Ako vaka prodolzat ke bidat na dnoto.
Од: јас
Датум: 30.04.2010 10:06:52
Кое црно добро направила оваа блада @ petre ???! Па да се пишува добро за неа во веснициве???Се’ УТКА ДО УТКА !!!
Од: Ајван Доктор®
Датум: 30.04.2010 11:03:55
Кога не можете да се изборите со нечие знаење и со нечиј став,спротивен од вашиот,постои Народен лек,кој се прикачува како Фластер,или подобро кажано,како Налепница!Етикета е спасоносното орудие на власта,особено на онаа, која своето описменување го стекнала на Аналфабетски Курсеви!Етикетата-Налепница се избира по боја!Најчесто се во игра темните бои!Особено сте среќен,ако не ви ја закачат Црната!Изборот е голем!Меѓу најсветлите (светло-црни):п..ер и к..ва,до оние со разно филство и манство,сè до темно-црните,кои се определуваат според некоја личност,а потоа, ако и тоа не успее,можете да ги добиете турбомодерните црно-црни:комуњар,југоносталгичар,србокомунист,предавник и додатоците со префикс кој означува припадност кон останатите малцинства!Инаквоста и инаквото Мислење, според ваквите Шупликави Шуплини,претставуваа „најголемо зло кое треба да се сотре“,бидејќи безуспешно се обидувале да ве убедат во нивната исклучива „вистина“!Тогаш,започнува преродбеничкиот активен лов на „Вештерки“!

Најди! во Утрински
Политика
Кризата со лекови ќе продолжи и во мај
Пропаднаа ус��авните измени
Полицијата нападната на Скопска Црна Гора
МВР да открие кој им се заканува на новинарите
Пет илјади Роми собираат пластични шишиња за да преживеат
Уставен суд во преса на политиката
Топло со 30 Целзиусови