11.06.2013, 15:57 Кенеди ја задушил Мерилин Монро со перница?
Во својот документарен филм Фред Оташ тврди дека актерката била задушена со перница од Боби Кенеди
Фред Оташ, најозлогласениот детектив во Холивуд, во својот документарен филм тврди дека Мерлин Монро била задушена со перница од Боби Кенеди. Според него, актерката била во врска со браќата Кене��и и редовно имала сексуални односи со нив, па со тек на време почнала да се чувствува како парче месо. Детективот напишал дека слушнал како претседателот и неговиот брат се караат за Мерилин Монро на 5 август 1962 година. „Таа врескаше, а тие се обидуваа да ја замолчат. Отиде во спалната соба, а Боби зеде перница и и' го придуши врисокот“, напиша детективот, кој почина во 1992 година. Педесет и една година по нејзината смрт, се' уште е мистерија како умре најпознатата русокоса во светот, Мерлин Монро. Полициските извештаи велат дека таа се самоубила со пиење таблети. |