11.06.2013, 16:32 „Баскерфест 2013“ со програма низ цела Македонија
Со вертикалниот акробатски настап на фасадата на „Веро центар“, италијанската трупа „Ил Посто“ в петок во 19 часот официјално ќе го означи почетокот на уличниот фестивал „Баскерфест“. Италијанците истата вечер ќе настапуваат и на портата „Македонија“, каде што аудио-визуелното доживување ќе продолжи до 23 јуни.
Новитет е што „Баскерфест“ прв пат ќе се дисперзира низ цела ��акедонија. Почнува од денеска во Гевгелија, в петок во Скопје, а на 3 јули завршува во Дојран. Ќе продефилираат околу 100 артисти од 20-ина земји, од кои 90 отсто ќе бидат прв пат на фестивалската програма. Освен перформансите, музичката програма содржи повеќе бендови, зачинета со рап, реге, рок и етно-музика. Во рамките на фестивалот ќе бидат одржани околу 30 концерти, меѓу кои и на новозеландскиот „Старбој“, Србите „Дел Арно бенд“ и „Ајсбрн“...
Организатор на „Баскерфест“ е Здружението на граѓани „Уан веј“, а главен покровител Град Скопје, кој за фестивалот издвои 900.000 денари. (Б.Ш.) |