10.06.2013, 15:53 Убавата Македонка во реклама за „Мекдоналдс“
Мартина Тасевска, која живее во Мајами, веќе пет години чекори на светската модна писта и соработува со познати дизајнерски имиња и куќи.
Македонската манекенка Мартина Тасевска е новото лице во најновата реклама на финскиот „М��кдоналдс“. Тасевска, која живее во Мајами, веќе пет години чекори на светската модна писта и соработува со познати дизајнерски имиња и куќи.
Мартина ужива во Мајами каде што секојдневно оди на кастинзи и аудиции за ревии, фотосесии и реклами. Во Македонија соработуваше со дизајнерката Билјана Каран на едиторијал во Мајами. Покрај рекламата за „Мекдоналдс“ Тасевска во изминатиов период беше ангажирана и во снимање на неколку други реклами меѓу кои „Најк“, „Корона“ и „Порше“. |