Крводарување по повод Денот на мултикултуризмот
Во Републичкиот завод за трансфузиологија денеска од 10 до 15 часот ќе се реализира крводарителска акција на која ќе можат да даруваат крв сите хумани граѓани. Повод за акцијата е одбележувањето на 15 мај, Денот на мултикултуризмот во Македонија.
Идејата за организирање на една ваква акција по повод овој ден, е на Општинската организација на Црвен крст - Центар, Мрежата за мултикултурно општество на Република Македонија и Републичкиот завод за здравствена заштита. Во ММО членуваат заедници и здруженија на Египќани, Ерменци, Полјаци, Руси, Словенци, Украинци, Црногорци и Хрвати. Крводарителската акција како домаќини ќе ја поддржат и пејачката Маја Вукичевиќ и претставник од музичкото семејство Тавитјан. (Сн.К.) |