Број 3283  сабота, 15 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Скопје

Турци ќе го градат скопскиот Менхетен во Аеродром

Од „Џеваир холдинг“ за плацот понудија околу 1,6 милиони евра

Деспина Трајковска


Турскиот холдинг „Џеваир“ од Истанбул ќе ги гради трите висококатници во Аеродром меѓу бензинската пумпа „Макоил“ и касарната „Гоце Делчев“. За наменската градежна парцела од 21.150 квадратен метар, од холдингот вчера понудија околу 1,6 милиони евра што беше највисока понуда за откуп на градежното земјиште. Всушност, за еден квадратен метар Турците ќе платат 4.700 денари, што е само за 100 денари повеќе од почетната утврдена цена. Освен „Џеваир холдинг“ на јавното наддавање учествуваше и уште една турска компанија, која воопшто не се ни обиде да лицитира. Така наддавањето речиси да беше и чисто формално со оглед на тоа дека и двете компании-учеснички признаа дека имаат партнерски односи, па дури и си помагаа при преводот.

Холдингот има рок од 15 дена да ги уплати средствата, по што ќе биде потпишан купопродажниот договор за земјиштето. Во рок од девет месеци, пак, оттогаш инвеститорот ќе има обврска да обезбеди градежна дозвола, а пак, за шест години да го реализира проектот.

Согласно со ДУП, на предметната парцела е предвидена изградба на три висококатници не пониски од 33 ката, а не повисоки од 125. Дозволено е тие да имаат намена за домување или деловен простор, а дадена е можност и за изградба на трговски центар и простор во компелскот за културни и верски намени како и катче за спорт и рекреација.

Сепак, Турците вчера не прецизираа колкави облакодери ќе градат.

„Прво треба да го утврдиме просторот предвиден за паркирање, па врз основа на тоа и ќе одлучиме на колку ката ќе бидат зградите. Но, бидете убедени дека тоа ќе бидат згради што досега не се видени во Скопје и Македонија. Ќе бидат изградени најмалку четири згради, а ќе изградиме и убав трговски центар“, изјави вчера сопственикот на турскиот холдинг, Ибраим Џеваир, по завршувањето на лицитацијата. Се пофали дека премиерот и речиси сите македонски делегации што престојуваат во Турција ги користат услугите на хотелите инвестиција на холдингот, но, сепак, ги негираше шпекулациите дека има блиски контакти со власта, што практично му овозможило влез на македонскиот пазар. Инаку компанијата освен неколку хотели со пет ѕвезди, фабрики и трговски центар во Истанбул свои објекти има и во Либан и во Саудиска Арабија. Холдингот постои 60 години, има 12 меѓу нив, а во државава ќе инвестираат регистрирани како „Турк-Мак“.

Вчерашната продажба на земјиштето беше втор обид за оттуѓување на плацот откако пред половина година немаше заинтерес��ран понудувач. Во меѓувреме, надлежните сменија дел од условите во објавата. Во првиот обид за продажба почетната цена за квадратен метар изнесуваше 7.000 денари, а вчера, пак, 4.600 денари. Овој пат надлежните инсистираа купецот да изгради минимум 33 ката, додека претходно државата бараше облакодерите да имаат најмалку 25 ката.


#
Статијата е прочитана 991 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 15.05.2010 00:14:43
Samo da ne bide kako so aerodromite! Ako bide taka dali ce bide kako so skopskiot ili kako so stipskiot. Citam deka novite gazdi velat deka ce treba da merat nesto, pa posle ce gradat.
Од: Do Pejo İtar
Датум: 15.05.2010 11:38:57
Posle 20 godini svativme deka Turcite ni se najdobri prilateli. Ama nikogas ne e kasno za İtar Pejovcite, Vo istanbul Dzevair Holding ima napraveno stokovna kuka, od bajki, koja proglasena za najdobra i najubava vo Evropa.
Од: zapevropa
Датум: 15.05.2010 17:28:17
zemjaci abe ima ostana li covek so pamet vo mkd?abe sto pravite se prodadovte na bilo koj aba so skopje se odnesuvate kako da ku... site gazite i pravite sto sakate abe prcvarnica go pravete ima plan toj grad menheten vo aerodrum mi se povraca.

Најди! во Утрински
Скопје
Нови канделабри пред кулите во Скопје Север
Хуманитарен хепенинг во Детското СОС-село
Изградени нови пешачки патеки
Крводарување по повод Денот на мултикултуризмот
Достава на решенија за фирмарина за 2010