Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Скопје
31.01.2012, 16:05

Државата ќе ги уништи Воинот и Портата, а црквата - паркот пред АРМ

Советот на Општина Центар денеска се очекува да дозволи изградба на објектите - црква пред АРМ и десеткатница на плоштад

Деспина Трајковска


Последните корекции на деталниот урбанистички план за центарот на градот се закануваат да го затворат погледот кон грандиозниот споменик на Александар Македонски и Портата. Токму во линија на двата најозборувани и оспорувани проекти од „Скопје 2014“ е предвидена изградба на десеткатница наменета за државна институција. Маркицата е нацртана на истото место каде што се наоѓаше онаа за црквата, на просторот меѓу „Пелистер“ и „Сити галери“. Таа, пак, сега е преселена во зелениот појас пред Домот на АРМ. Така, последната верзија на ДУП-от би била погубна и за еден од ретките паркови во Центар, според многумина најубавиот.

Дали урбанистичкиот план и официјално ќе добие зелено светло ќе зависи од денешната одлука на Советот на Центар. Повеќе од извесно е дека тој ќе се усвои, па така црквата што требаше да се гради на плоштадот, сега, дефинитивно, ќе може да се издигне во зеленилото пред Домот на АРМ. За верскиот објект со планот е обезбедена површина од над 2.000 квадратни метри и максимална висина до 29 метри, или едноставно кажано, ќе се дозволи изградба на објект со висина на седумкатна зграда.

Во последната верзија на ДУП-от се смести и новата локација за панорамското тркало. Предвидено е тоа да се изгради на нов пешачки мост на Вардар, со како што е наведено во писменото образложение на планот, придружна комерцијална содржина. Поставеноста на тркалото, пристапот и преостанатите параметри на тркалото ќе се дефинирале дополнително, со инфраструктурен проект.

Токму новата локација за тркалото и бришењето на црквата од плоштадот се главните измени во урбанистичката рамка за „Мал ринг“, чија верзија беше на увид на граѓаните две недели, непосредно пред Нова година.

И во оваа верзија на планот остануваат планираните катни гаражи, од кои поголем дел веќе се градат. Се потврдува и надградбата за два ката на зградата на Министерството за транспорт и врски. Нови споменици освен веќе планираните не се предвидуваат. Во најновата верзија на ДУП-от се проектирани и двете клучки, дел од решенијата за подземната улица што ќе води до Комплекс банки, едната кај мостот „Гоце Делчев“ и другата на раскрсницата на „Партизански одреди“ и „ВМРО“. Во зелениот, средишен дел и на двете клучки има предвиден простор за поставување споменици.

Нема забелешки за црквата, само две за десеткатницата на плоштадот

Во јавната анкета никој не доставил забелешка за новата локација за црквата, а речиси и да нема реакции за планираната десеткатница на плоштадот и новото место за тркалото на мостот, иако тие во изминатиов период често беа на удар на јавноста. Од вкупно 37 доставени забелешки во јавната анкета само две се однесуваат на планираниот десеткатен објект на плоштадот на локацијата која претходно беше планирана за црквата. „Маркицата го блокира еден од најубавите погледи на проектот ‘Скопје 2014‘-погледот кон Портата и кон Воинот на коњ. Мој предлог е маркицата да се помести кон ‘Метропол‘ и да се зачува оската на улицата. Во спротивно, сами си ја уништуваме една од најквалитетните целини на ‘Скопје 2014‘“, забележал еден граѓанин. Но, надлежните нема да ја земат предвид забелешката со образложение дека „планираната градба е во согласност со одобрената планска програма на Општина Центар“. Со истото образложение е отфрлена и сугестијата на еден граѓанин дека зградата не треба да се гради бидејќи во спротивно ќе се изгуби комуникацијата со плоштадот и визуелното пространство. (Дс.Т.)


 


Статијата е прочитана 9841 пати.

Испрати коментар



Позеленеа лавовите на „Гоце Делчев“



Slucaj do slucaj za naucna observacija, 01.02.2012 01:24:56
E ako uste ova go napravat navistina se seriozni slucai za lekuvanje! Pa dali imaat pamet ili samo mislat na profiti nezavisno od stetite sto ce gi napravat. Isto taka i narodot,skopjani od opstina Centar, ako ostanat mirni na seto toa i ne pokazat organiziran revolt, se bidat slkucaiu za naucno posmatranje. Pa i ovcite sto se ovci ,povremeno koga im e tesko ce blekaat.
ноне, 01.02.2012 01:26:01
Добро бе луѓе, има ли некој кој ќе каже Доста со трупањето на згради и објекти во центарот на Скопје? До кога тој урнанистички план ќе се менува според желбите и потребите на урбаната мафија? Па зарем не гледаат дека нема веќе место каде да се помине низ Скопскиот плоштад, и центарот воопшто. Која беше поентата на спомениците и портата кога ќе се скријат со зграда? ПА кој гради зграда на среде плоштад?? Ова го има само во Македонија, никаде на друго место. Оние кои биле во Европски град знаат дека плоштадите се пространи, имаат знаменитости, зеленило ... а кај нас... ништо! Поставени споменици без врска, без никаква културна корелација ... Кич невиден!!! Најтажно е што и кога народот се буни, никој не го слуша ... тажно!!! И трагично. Центарот станува катастрофа, се поголема од ден на ден! Џабе се споменици и згради во барокен стил кога се е на едно место. Требаше да се рашири спектарот низ сите општини во Скопје, а не само во Центар.
Žitel na centar, 01.02.2012 01:44:19
Vo centar najmalku nedostigaat administrativni ili kakvi i da e zgradi. Se što beše zeleno i ubavo i što pridonesuvaše za pozdrav život vo zagadenoto podračje go uništuvaat. Za tolku kratko vreme gi zabetoniraa duri i parkovite (toj pred Domot na ARM i Žena park). Ne može grad samo od beton i asfalt bez nikakvi parkčinja, drvja, cveḱinja i fontani da e ubav, vaka dobivame mrtov siv grad. A za Ploštadot Crkvata trebaše da ja stavat kaj Poštata i ništo veḱe da ne se pravi, zatoa što tolku ḱe go zatrupaat prostorot što posle ḱe treba i da izgradat nadzemen premin za pešaci na edno 45-50 metri visočina da ima od kade da pomineme. Ne možam da veruvam do koja mera nadležnite ne gi slušaat svoite graǵani i glasači, bukvalno strašno. No toj što ja gradi sreḱata vrz nesreḱata na drugite ... Gospod gleda i iako Božjata pravda e bavna, sekogaš stignuva.
jimmy1, 01.02.2012 06:16:07
Ova sto se pravi so centarot na Skopje e nenormalno. Ova me potseti na eden vic: Se sretnale trojca strucnjaci za gradenje na mostovi, amerikanec, rusin i makedones. Se zapoznale na nekoj simpozium i se dogovorile da se posetat eden so drug za da vidat koj sto napravil. Otisle rusinot i makedonecot vo Amerika. Amerikanecot gi odneson kaj nekoj most i im rekol. Ovde trebase da bidat dva mostovi so po tri lenti vo sekoj pravec, jas napraviv dva mostovi so po dve lenti i drugite pari si gi staviv vzdeb. Otisle kaj Rusinot. Toj im rekol, ovde trebase eden most so tri lenti vo obete pravci, jas napraviv dve lenti a drugite pari si gi staviv vzdeb. Koga dosle kaj nas, kaj makedonecot, gi odnesol nekade kaj sto e Vardar najsirok i im rekol. Go gledate ovaj most???? Tie rekle negledame nisto, ovde nema most. Toj im rekol e jas site pari si gi staviv vdzeb. Taka e isto i so centaror, nekoj grdno se bogati so gradenje na nepotrebni objekti samo da se obogati, da lapne sto e mozno poveke.
nacional-patriot, 01.02.2012 07:40:16
Toa sto ke se gradi crkva e vo red,no diskutabilno e planot za desetkatnicata.Vazno e da se zacuvaat zelenite povrsini,odnosno parkcinjata.Dobro e sto so proektot Skopoje 2014 se istaknuva barokot,no i antickoto,bidejki anticka Makedonija e del od makedonskata istorija.Antickite Makedonci bile podocna slovenizirani,ama sepak uspeale da go socuvaat makedonskiot identitet i imeto Makedonci na narodot.Vo anticko vreme ne postoele anticki Bugari,tuku na teritorijata na denesnata takanarecena Bugarija ziveele anticki Trakijci koi se razlikuvale od drugite anticki narodi.I od Romeite i od Makedoncite.
Стара Скопјанка, 01.02.2012 08:52:47
Во последниве три години во Скопје се слуција такви градежни „чуда“ да само човек ништо друго и не му преостанува туку само да се чуди. Кај сто на Балканот, т.е. во нашиот главен град наметнавме европски правец во архитектурата, за кој нашите предци во времето на барокот (ние бевме под Отоманско ропство) не слушнале, па сега и во центарот ќе се градело црква и тоа до 29 метри висока. Не е работата само да се градат цркви, туку треба да се шири верата меѓу луѓето, а како ќе се шири верата кога црквата покажува сила, нови цени, зголемени тарифи. Господ ги искршил тезгите на трговците пред храмот во Ерусалим, а МПЦ само си игра трговија, а уште и не призната. Градењето цркви било каде и по секоја цена не обезбедува пат во вечноста, туку чистото и добро срце кое е секогаш спремно да помогне. Е мило Скопје, што се направија од тебе. Порано беше достојно, а сега си за потсмев.
Elena, 01.02.2012 08:54:05
Освен што не направја ниту еден парк во ова лудило од градење и прибирање на се што можеше да се зграби и присвои за свои интереси, ги уништуваат и тие малку останати зелени површини, наместо да ги негуваат и тие да бидат место каде луѓето ќе се дружат и циркулираат... но не, важен е само бетонот. Безобразлук и башибозук..
mkd, 01.02.2012 09:00:07
Golem podrzuvac sum na Skopje 2014 no za zgrada pred Aleksandar Makedonski koj bi go blokiral pogledot i pristapot od kaj portata NE SAKAM NI DA SLUSNAM. Kako ke precekuvame reprezentacii vo idnite sportski uspesi??? NIz portata vo podrumot na nekoja zgrada???? Ne smee da se dozvoli toa bidejki ke ima protesti.
Ana, 01.02.2012 09:18:49
Leleeee , grdosija ne videna. Ke begaat strancite od Skopje i centar. Pa sto da vidat? Od grdo po grdo. Toklu imaat vkus i pamet onie vo Opstina centar.
Zitel na Skopje i Makedonija, 01.02.2012 09:51:13
Spored brojot na komentarite moze da se vidi i zagrizenosta. kako i da e kade se mislenjata ili komentaritte na strucnata fela - arhitekti, gradezni eksperti, profesori... ili i tie dignaa race, uplaseni do koska. Izgleda i ova ke si pomine kako i se drugo, bez vodenje smetka za idninata. Samo krivo mi e taman ke se navikneme na nekoj spomenik ili gradba i ete ti druga koja ke ja unisti prethdnata, vo ovoj slucaj Ace na konj i Portata, steta, a bogami i fasadite sto se pravat naokolu.
skopsko dete, 01.02.2012 09:58:57
Ne mora da se machat da gradat ushte povekje objekti, mozhat komotno da pochnat da davaat po edna lazhichka cemen i beton od sabajle pa da izvrshat klasichen genocid na centar....
djoko, 01.02.2012 10:05:27
Убо викате бре луѓе. Ајде малце да рушиме, доста беше градење. Ја сум да се срушат сите згради од центар. СЕ. па да се засадат дрва. нека има и трева. па селаните доселени во центар нека си го донесат добиток и некас и го пасат и чуваат во центар. може и некое шталиче да дозволиме да никне, ама не повисоко од 3 метри, да не им смета на селаниве од центар. шталички и тревичка. И СДСМ сигурно се сложува со овој предлог. Ги молам да не контактираат за да се договориме, ние да ги гласаме они нека рушат кога ќе добијат власт.
bb, 01.02.2012 10:30:57
brzaat da napravat sekakva glupost zosto vremeto im minuva a narodot ke plaka i toj sto ke dojde po niv ke bide kriv
саше, 01.02.2012 10:39:14
Е знали нема крај од овие... Абе до толку да се немало усул... Еднаш се заебав ама НИКОГАШ повеќе за вас!!!
nato-jato, 01.02.2012 11:14:18
Malku e za ovoj narod...
skopjanec, 01.02.2012 11:14:29
Na edno turisicko patuvanje vo Avstrija,vodicot ni soopsti deka vo Viena ima 2.000 parkovi!? Dali imaat vakvi informacii sovetnicite-aminuvaci na predlozite na gtodorovik,kade nema kade ne stavil raka-ako videl malku sloboden prostor? Samo kolku natkatni garazi najavi-kako licna investicija,a napravi deloven prostor za rentiranje! E ,sega,ako od ova gledanje niz prsti od strana na vladeackata garnitura-i taa dobiva provizija,togas ke pravi kako saka,ke redi objekt do objekt,ke go zatvori plostadot,,ke podoga objekti vo parkovite-kako onoj ,kojznae za sto namenet,a sproti Gradska bolnica-misli li nekoj deka na bolnite im treba i spokoj (a tuka vnesoa avtobuska linija,stanica)i zelenilo sto ke mozat da go vdisuvaat procisten vozduhot. Ne,nitu sakaat da znaat:se igraat slagalnica,a ne sfakaat deka sekoja puzla ima svoe mesto-a ne komu kako ke mu tekne da ja postavi. Patem,sega sfakam zosto biznismenot stana gradonacalnik.Pa,siot opstinski prostor e negov.Za gragjanite-a koi se pak ti
Goran, 01.02.2012 11:22:30
Najdobro će bide Todorović da ja BETONIRA cela Opština Centar bez edno drvce,trevka,cveće,neka nalupa zgradi,parkinzi,štandovi,markrti,ušte spomenici,a i svoj da stavi da se znae koj e kreator na ovie gluposti.Kade se građanite od opštinata ?Što ćutat kako P..ki i ne se bunat na lice mesto pred vrata na opština Centar a ne po pazari muabeti.Stanete na noz oti odide se u majčinu so ova budaletinki što pribiraat provizii od nekoi proekti
xdfgtyhui, 01.02.2012 12:58:45
E pa sega, indirektno toa go predizvika i e rezultat na kampanjata na sdsm protiv crkvata i protiv proektot Skopje 2014. Taka da edinstveno sdsm moze da gi spasi i parkot i Voinot dokolku od opsti moralni pricini-opstocovecki,patriotski,ekoloski i t.n., sepak se sepne i rece:dobro nema poveke bezumno da pritiskame bidejki sogleduvame kade gi turkame rabotite i sto predizvikuvame a toa ne e dobro i ne e vo interes na nikogo. Ne slucajno e kazano deka UMERENOSTA E DAR OD BOGA. No toa vo segasnata konstelacija gusa za gusa e sto se veli: da vidis da ne veruvas. Jas nitu sum povikan da apeliram nitu sakam da go molam sdsm, tuku ostavam na nivnata sovest-da si ja spasat.
Трендафил, 01.02.2012 13:00:24
Кој не прашува нас обичните смртници дали да се гради или не 10 катница во центар која ке го скрие погледот на воинот на коњ. Важно е да се изгради парите да се земат и потрошат, а дали на нас ни се допаѓа или не можеме да си коментираме колку што сакаме
devil, 01.02.2012 13:39:15
VIE STE BOLNI,STO DRUGO DA KAZAM,NAS NI GI PALAT CRKVITE OD DESETI VEK LUGE STO GI ISMISLIL NEKOJ PRED STO GODINI,MESTO DA GI ZASTITITE TIE CRKVI VIE GO UNISTUVATE SKOPJE..
MKD, 01.02.2012 13:59:24
ajde site ovde sto ste da dignete raka kolku ste od SK ...
Jon, 01.02.2012 14:11:21
Dosega sto e izgradeno vo centarot e super odlicno i gordo, no nemoj poveke TAMAM kakva zgrada kakov bakrac DOSTA E!! Dokolku se izgradi zgrada Grievski definitivno ke e fati udolnicata za zal.
Oskar, 01.02.2012 15:09:34
Pocituvani gospoda od vlasta koi go kreirate Skopje 2014, vie se razbirate od arhitekturata i urbanizmot tolku, kolku mojot tatko Albanski, koga ke go prasaa dali znae Albanski velese znam tolku kolku da dobijam kjotek. Ostavete go toa na onie sto znaat da go rabotat. Sto bi bilo od Zemjava koga Arhitektite bi se mesale, kako vas vo, ekonomija, pravo, medicina, politikologija (D. Mircev) i ostanato-HAOS.
Шрринк, 01.02.2012 15:28:27
Овие не се за научна обсервација кај нив е веќе потврдена дијагнозата,само народов што чека. Скопје веќе личи на циркус.
koks, 01.02.2012 15:46:27
Ne se sekirajte sto plostadot ke se zatvori so desetkanica - noviot plostad Skender beg ke bide poubav i posirok. Samo... steta sto Grujo mu go podari na koalicioniot partner
Stara Skopjanka , do stara skopjanka, 01.02.2012 16:55:58
Malkumlina komentatori sdigurno se epten stari skopjani, no i onie ponovite , gledam sakaat da go socuvaat onoa Skopje koe poveke od zemjotresot, alcnite race na mafijata , ni go unisti.Ajde ednas,da prestaneme da placeme, da bideme vistinski organizirani, pa da go odbranime Skopje,bez nekoja poliuticka tendencija, tuku vo ime na zelbata i baranjeto na skopjanite, za ubavo mesto na ziveenje.Placevme za liîte,za Ilindenska, za Vodno, placeme za kic spomenicite; aman te bre sogragjani, aman bre lideri, pomagajte da spasime onoa sto e monozno, pred ovie da napravat labirint od Skopje! inaku, starata skopjanka, neka ne NE MI GO ZEMA MOETO IME, ve molam. A mkd so mali bukvi, neka si napravi spomenici i edna 2014 vo gradot odkade doshol. Odamna go zabelezav negovoto voodushevuvanje kon ovoj smesen i kic proekt Skopje 2014. Vprocem, sekoj so fkusit na gradot od kade poteknuva....Ddeka nekoj se raduva i trie race, nie starite skopjani zalime sto Skopje stana primer kako ne smee da se gradi
Mudrec, 01.02.2012 17:42:21
Ako izgradat 10 katnica tamu, se sto pravea VMRO ke im se srusi kako kula od karti. Strategijata sachekusha na SDS taka bi uspeala, za zal.
bobi, 01.02.2012 20:19:44
Znaci ova veke preminuva vo pravo silegistvo..dosta be eeeejjj!!!.Se pravdate deka imate pravo ova siluvanje da go pravite na ovoj do prosjacki stap doteran i napaten narod da mu go pravite,zatoa sto ste izbrani na regularni izbori.Da go imavte spomnato seto ova sto sega go pravite vo vasata platforma,ke videvte kolku glasovi ke dobievte..tuku nie sme po se izgleda sto go dozvoluvame seto ova..namesto da se nadevame na razbiranje,mozebi e najdobro da se sobereme vo sto e mozno pogolem broj,i da im OBJASNIME deka preteraa!!!...DOSTA BESE!!!!!
zagoridividi, 01.02.2012 23:35:56
...абе,нели сфакате дека тука...во центарот на Скопје ќе се снима нов филм за Џемс Бонд,актерите се познати!...и во финишот од филмот,сето тоа ..ќе се сруши.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -5°C

Облачно

Недела
Претежно облачно
Макс: -1°C, Мин: -8°C

Понеделник
Локални врнежи од снег
Макс: -5°C, Мин: -9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |