Број 3283  сабота, 15 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Македонија

Сведоците на МВР не се појавија

БИТОЛА - Главните сведоци во судскиот процес што го води МВР против фармерите од „Сведмилк“ за минатогодишниот упад во кабинетот на градоначалникот Владимир Талески никако да се појават во судот во Битола. И вчера рочиштето помина само со сведочење на неколкумина полициски службеници.

„Судскиот процес без сведоците на тужителот МВР станува маратонски. Целта е врз нас да се вршат притисоци“, обвинуваат фармерите на „Сведмилк“ од Пелагонија по неколкуте одржани судски рочишта. Дваесет и шест од нив се најдоа на обвинителна клупа како наводни организатори на масовниот протест што се одржа лани летото токму во зградата на Општината. Тогаш фармерите, на изненадување и на полицијата, упаднаа во кабинетот на градоначалникот Владимир Талески, барајќи посредување со Владата за решавање на нивниот проблем со неисплатеното млеко. Кооперантите се' уште побаруваат 4 милиони евра за предаденото млеко во шведската млекарница.

„Иако уредно поканети на рочиштето, не се појавија градоначалниците на Битола и на Могила, пратеникот Никола Котевски и тогашниот министер во Владата, Кристијан Делев. Значи, се срамат да излезат пред нас, млекопроизводителите. Ова судење е под притисок на Владата, за да се одолжува и за да не се расчисти криминалот во ‘Сведмилк‘“, изјави Душко Илиевски, водач на фармерите и еден од обвинетите.(А.Б.)


#
Статијата е прочитана 638 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Тетовската црква „Свети Атанасиј“ десет години без крст
Собирот ги подели муслиманите
ДПА бара независна истрага за Радуша
Групација на национални телевизии
И белите мантили на протест пред Владата