И белите мантили на протест пред Владата
Со мирен протест вчера пред Владата го искажаа својот револт околу 40 детски стоматолози со своите стоматолошки сестри. Тие бараат да се вратат во јавното здравство и да се грижат и да ги лекуваат забите на децата до 14 години, проблем за кој заеднички јазик не најдоа со ФЗО и со Министерството за здравство. Детските стоматолози беа примени од претставници на кабинетот на премиерот, кои им ветиле дека брзо ќе биде разгледан нивниот проблем.
Последниве неколку години не се случило лекари да протестираат пред Владата. (Ј.Ј.) |