Број 3283  сабота, 15 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Македонија

Тетовската црква „Свети Атанасиј“ десет години без крст

Пред неколку дена манастирската црква е обновена со фасада и со скали

Гојко Ефтоски

ТЕТОВО - Традиционално, тетовци денес масовно ќе дојдат на Калето над Балтепе за да го одбележат патрониот празник на манастирската црква „Св. Атанасиј“. Црквата и по 10 години ќе ги пречека славениците без крст што е неминовен белег на христијанството. Единствена разлика годинава е што пред неколку дена манастирската црква е обновена со фасада и со скали.

Свештеникот Дарко Наумовски, старешина на манастирскиот комплекс, задоволно вели дека реновирањата биле направени благодарение на дарежливоста на неколкумина православни верници. „Надворешната страна на црквата беше запуштена, но и изрешетана за време на конфликтот во 2001 година. Објектот требаше да се обнови. Дарежливи граѓани помогнаа да ја дотераме црквата за денешниот празник“, вели свештеникот Наумовски.

Домаќинот на црквата, Трпе Ѓорѓевски, жител на населбата Колтук во Тетово, е најангажираниот поединец во обновувањето. Тој е еден од ретките што неколкупати неделно е во црквата „Св. Атанасиј“ на Калето, иако постојано е ангажиран во црквата во населбата Сланикова.

„Работите се дело на луѓе што ја познаваат градежната работа. Тие несебично поминаа повеќе денови на Калето“, вели Ѓорѓевски. Во тетовското архијерејско намесништво разговаравме со протојереј Ставрофор Мирко Станковски, архијерејски намесник. Тој информираше дека покривот бил саниран минатата година. „Мораше да се почне токму од покривот, бидејќи црквата прокиснуваше и го оштетуваше внатрешниот дел. Забележителни се оштетувања на вредни фрески, кои наскоро ќе се обноват“, вели Станковски.

Православните верници, сепак, најмногу забележуваат зошто нема крст на овој христијански храм. Според нашите сознанија, се' до 2000 година на покривот на манастирската црква постоеше метален крст. Тогаш беше поведена иницијатива за поставување крст висок шест метри. Уште во почетокот не беше прифатена ваквата идеја од сите жители на Тетово затоа што месноста духовно и' припаѓала на исламската култура.

Инаку, целиот простор на Кале со 4,4 хектари земјиште е сопственост на црквата „Св. Атанасиј“ од 1984 година. Со одлука на надлежните органи, оваа површина е предадена во трајно користење. Одлуката се темели врз историски факти, дека црквата потекнува од крајот на 8 век и е еден од најстарите култни христијански црковни споменици во овој дел на Македонија.

Во 1240 година, освен на тетовското Кале, биле изградени уште две цркви на истиот светител - во Џепчиште и во Лешок. Од 1321 година манастирот на Кале три пати бил разурнуван и опустошуван, но секогаш обновуван. Последното, во 1838 година било карактеристично поради случувањата со оние што ја уривале црквата. Абдураман-паша наредил црквата да се расчисти до темели, но „како што луѓето копале, така паѓале мртви“. Од овие причини, уривањето престанало. Во 1912 година почнала обновата на оваа манастирска црква што траела цели 10 години.


#
Статијата е прочитана 481 пати.

Испрати коментар

Од: Dosta etnicko cistenje "Otode Grupcin"!
Датум: 16.05.2010 00:24:12
Ova e uste eden znak-dokaz deka etnickoto cistenje na Makedoncite i Hristijanite prodolzuva "otode Grupcin". Site tvrdenja na partiite na makedonskite Albanci od Tetovo (voglavno doselenici) za navodni napori za zaednicki sozivot pagjaat vo voda, a samo stanuva povidlivo i jasno sto bila i ostanuva nivnata namera i opredelba...Samo koga ke se setime na scenarijata i show programite sto gi prikazuvaat pred mediumite pripadnicite na IVZ, najnovo na plostad vo Skopje...
Од: Ljubotan -Trade name!
Датум: 16.05.2010 05:54:33
Во 1240 година, освен на тетовското Кале, биле изградени уште две цркви на истиот светител - во Џепчиште и во Лешок. Од 1321 година манастирот на Кале три пати бил разурнуван и опустошуван, но секогаш обновуван Ova go rekovte i ostanavte Zivi! I me raduvate ,sto ostnasvte zivi.,da ni sluzite kako svedoci ,a koj bese tamu vo ova vreme koja i cija Dinastija gi gradese ovie zaduzbini vo tetovsko!!

Најди! во Утрински
Македонија
Собирот ги подели муслиманите
ДПА бара независна истрага за Радуша
Групација на национални телевизии
Сведоците на МВР не се појавија
И белите мантили на протест пред Владата