Деветнаесетгодишникот на патот до вториот состав на Барселона ги помина сите категории
Како признание за добрите игри младиот македонскиот репрезентативец Давид Бабунски следната сезона ќе биде член на Б-составот на шпанскиот гигант Барселона.
19-годишниот Македонец на патот до вториот состав на Барселона ги ��омина сите категории, а преку настапите во втората шпанска лига ќе има можност да го потврди својот квалитет и евентуално да се избори за првиот состав на шпанскиот шампион.
Според информацијата од каталонскиот тим покрај Бабунски во Б-тимот се прекомандувани уште шестмина други младинци. Тоа се: Сандро Рамирез, Лукас Гафарот, Френк Бањак, Серхио Сампер, Пол Калвет и Роберт Кошта.