Спарси славеа на домашен терен со 113:77 во третиот натпревар од големото НБА финале
Екипата на Сан Антонио ноќеска оствари победа од 36 поени разлика во финалето на НБА лигата. Ова беше прва победа на домашен терен во финалната серија против шампионот Мајами. Конечниот резултат изнесува 113:77 (24:20; 26:24; 28:19 и 35:14) за водство од 2:1 во добиени натпревари.
Првиот дел им припадна на домашните со 50:44, а Леброн Џејмс од Мајами имаше само два поена, но слабата игра на противникот продолжи и до крајот.
Домашните кошаркари постигнаа рекордни во финалето 16 тројки од 32 обиди. Дени Грин (7) и Гери Нил (6) заедно постигнаа 13 тројки или вкупно 51 поен.
Најефикасен кај Мајами беше Двејн Вејд со 16 поени, Џејмс постигна 15, а покрај слабата реализиација за првпат по финалето 2011 со Далас на три натпревари помалку од 20 поени.
Натпреварот број 4 се игра ноќта четврток кон петок повторно на теренот на Сан Антонио.