11.06.2013, 16:32 УЕФА поведе истрага против Стеауа и Бешикташ за местенки
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) поведе дисциплинска постапка против Стеауа и Бешикташ поради местење натпревари. Романскиот клуб за кој настапува нашиот репрезентативец Даниел Георгиевски се соочува со казна поради тоа што не ги почитувал правилата донесени од УЕФА, а кои се однесуваат за учество во матичните првенства. Што се однесува до Бешикташ, тој е осомничен за местење н�� натпреварот од финалето на Купот на Турција 2011 година. УЕФА за двата тима ќе одлучува на 21 јуни, а дисциплината комисија на европската куќа на фудбалот ден потоа ќе одлучува и околу судбината на Фенербахче, кој е обвинет за местење натпревари.
Во Фенербахче се поднесени обвиненија против пет службеника за местење резултати на повеќе натпревари кои ги одиграл клубот, а можно е и повторно исклучување за овој турски клуб од Лигата на шампионите што би значело вторпат во последниве три години.
Фенербахче во сезоната 2011/12 беше исклучен од Лигата на шампионите поради поврзаност на неколку раководни лица со местење натпревари во домашното првенство.
„Во врска со истрагата за наместени натпревари, а во која е вклучен и Фенербахче, УЕФА достави наоди до дисциплинското тело, кое ќе преземе дополнителни чекори против клубот и неговите официјални лица. Овој случај ќе биде разгледан на 22 јуни“, се вели во соопштението на УЕФА.
|