Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
25.08.2013, 17:39

Груевски бара избори, СДСМ го одби

Премиерот го посочи денешниот ден како последен рок за закажување избори на 13 октомври

Александра М. Митевска


Социјалдемократите вчера одговорија негативно на плановите на премиерот Никола Груевски за предвремени избори како решение за излез од политичката блокада што настана поради фијаското на Комисијата за настаните од 24 декември. Радмила Шекеринска, заменик-претседателка на партијата, рече дека СДСМ нема да дозволи уште едни, како што рече, криминални избори, кои нема да претставуваат решение за вистинските проблеми во Македонија. Според неа, обврска од мартовскиот договор е создавање претпоставки за фер изборен натпревар.

„Презедовте обврска за усогласување на изборното законодавство со препораките на ОБСЕ-ОДИХР. Презедовте обврска и за прочистување на избирачкиот список. Тие обврски не ги реализиравте, туку дополнително ги влошивте состојбите: со партиски донации од медиумите и со фантомски гласачи“, рече Шекеринска.

Изборите, според неа, не се поврзани со извештајот на Комисијата за 24 декември, туку, како што рече, со економската катастрофа, со неможноста да се реализира буџетот, со потребата од ребаланс...

По ваквиот став на СДСМ, се чини извесно дека ВМРО-ДПМНЕ нема да добие поддршка за распуштање на парламентот ниту од коалициските партнери од ДУИ, кои први се огласија дека не се за избори. Од партијата на Али Ахмети рекоа дека изборите не се решавачки фактор во оваа ситуација, односно дека ДУИ нема да гласа за предвремени избори ако и СДСМ не се одлучи за таа опција.

„Ако гледаме од партиски интерес, подготвени сме уште утре да има избори. Сепак, тоа не е решение за проблемите на граѓаните и на државата“, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.

Според него, пратениците на ДУИ нема да гласаат за распуштање на Собранието ако за тоа одлучуваат нивните гласови, туку ќе остават тоа да го решат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

„Изборите не се одговор на политички теми и дилеми. Општеството треба да се фокусира на други предизвици, како што се спорот околу името, исполнувањето на копенхашките критериуми и евроинтеграциите“, рече Османи.

Сепак, на водечката владејачка партија и натаму и' останува маневарски простор за собирање на потребните 62 гласа за распишување избори. На Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, која има 56 пратеници, и' недостигаат уште најмалку шест гласа за распуштање на парламентот. Тие гласови, теоретски, би можела да ги обезбеди пратеничката група на ДПА, а евентуално би можеле да „асистираат“ и некои од помалите партии во законодавниот дом, кои се надвор од двете најголеми коалиции.

ДПА не се огласи вчера официјално за предлогот на Груевски. Партискиот лидер, Мендух Тачи, пак, пред еден месец, изјави дека не е заинтересиран за предвремени избори.

„Не сме заинтересирани за предвремени избори и не сме заинтересирани да бидеме дел од Владата, туку сме заинтересирани да придонесеме во деблокирање на процесот на интеграција“, рече Тачи, по еден состанок со американскиот амбасадор во Скопје, Пол Волерс.

Премиерот Груевски во саботата побара одржување предвремени избори на 13 октомври. Тој го посочи денешниот датум како последен рок за закажување избори на 13 октомври, односно на три дена пред објавувањето на извештајот на ЕК за Македонија.

Точно на седумгодишнината откако ја презеде власта во Македонија, премиерот Никола Груевски јавно демонстрираше подготвеност да влезе во битка за нов - четврти мандат, третпат на предвремени парламентарни избори. Тој го стави неговиот политички ривал - Зоран Заев во позиција да избира меѓу две можности: СДСМ, преку своите претставници во Комисијата за 24 декември, да изгласа извештај каков што му одговара или да излезе на вонредни избори во октомври.

„Со други зборови кажано, или изгласајте каков сакате извештај, и онака шест месеци се боревте во Комисијата да сме три два за вас, или ајде на избори, па нека реши народот“, им се обрати премиерот на опозиционерите.

Ако СДСМ се одлучи за предвремени избори, рече Груевски, тогаш комисијата би потпишала утре две верзии на правните квалификации на извештајот: Едната согласно ставот на ВМРО-ДПМНЕ, во која ќе пишува дека е валидна само ако на изборите ВМРО-ДПМНЕ добие повеќе гласови од СДСМ. Втората со правни квалификации кои ги предлага и преферира СДСМ во кој ќе пишува дека е валиден само ако СДСМ добие повеќе гласови од ВМРО-ДПМНЕ на предвремените избори.

Груевски најави можни вонредни избори на 13 октомври, бидејќи тоа е последен ден недела пред 16 октомври кога треба да се објави извештајот на Европската комисија за Македонија.

„Тогаш ќе имаме потпишан, валиден и потврден од граѓаните извештај, така што тоа нема да биде причина за одземање на препораката од страна на ЕК. Предвремените избори имаат смисла ако се одржат пред објавувањето на извештајот на ЕУ за Македонија“, рече Груевски.

Во текот на вчерашниот ден, немаше информации дека во парламентот е пристигната иницијатива за самораспуштање на овој пратенички состав, но возможно е тоа да се случи и во текот на денешниот ден.

 


Статијата е прочитана 2443 пати.


Испрати коментар



Премиерското деби во 2006 година – и седум години потоа
Комисијата за 24 декември испушти здив
Нови 30 дена притвор за Кежаровски
Долг пат кон ЕУ и НАТО
Грција исклучува проширување од нејзините приоритети во ЕУ
ДУИ - Не се потребни избори, туку консензус за извештајот



vale, 26.08.2013 00:09:57
каков спуст му направија на Гујо хохохо... Потклеклна пред стратегијата на СДСМ на чело со Заев и Шекеринска секако и останатите членови од тимот и раководството, потклекна Гујо и пред странците пред кои се чаталеше ама на крај си исрка што си здроби! Секоја чест за СДСМ имаат поддршка!
jovan, 26.08.2013 00:11:20
SDSM se zapletka. Denovive i ke svatat kolku i kako se zapletkaa. Im nema veke spas.
Aleksandar, 26.08.2013 00:20:46
Мораше да попушти. Новите дечки од СДСМ го одработија теренот кај дипломатските претставници. Изглада конечно ќе се разјаснат некои работи, а Грујо ќе почне да ја губи поддршката. Добро е.
sasho, 26.08.2013 00:37:53
Сметам дека сепак СДСМ знае дека ќе изгуби на избори и затоа по секоја цена се бори да нема предвремени парламентарни избори. Но да не заборавиме, тоа е сосем спротивно од тоа што Црвенковски во месец март најави дека предвремени избори до септември ќе има. СДСМ продолжува да ги менува барањата и политиките скоро секојдневно, затоа народот се помалку им верува.
Маркос, 26.08.2013 00:47:05
Вушност, г. Груевски предлага ковертирање на потпишаните двете верзии на правните квалификации на Комисијата за 24 декември, а валидна ќе била верзијата на победничката страна на предвремените избори. Предлогот е во целост комарџиски, како некогаш на диви Запад, кога влогот бил убава мома. Овде пак влогот е Македонија, па кој добие на комар - негова е! Очигледно е дека во предлогот нема ни траги од државничка сериозност и мудрост, али и’ прилега на една авторитарна, осилена и „пролупана„ власт, која чувствува дека е за неа денес подобро одколку утре.
Ivan, 26.08.2013 05:08:36
Ova e samo pochetok na krajot na ovoj rezhim na Gruevski i DPMNE.
mk-1, 26.08.2013 05:20:14
Pak apel do grujo da ne sedi zaedno so Zaev na masa- padja vo vtor plan - Zaev e roden lider - dobro izgleda - simpaticen - ne tropa gluposti - odmeren politicar kakov i treba na MK.Ete mu Lider na Horhe - precedatelot veli ni trebale lideri da ja izvlecat Makedonija. Pa Horhe eve go Zaev spremen za lider- ali prpa od pastirot.
Od mene, 26.08.2013 06:29:14
Prpaaaaaaa od predvremeni izbori, a im pomodrea gradite od udiranje zimava koga se penjavea za predvremeni izbori
Трпе, 26.08.2013 06:42:25
Слушајки го како го чита неговото експозе за собирање на ситни политички поени, како да го продолжи своето владеење,познато поради кои причини ми стана многу жал.
Кирил, 26.08.2013 07:38:09
На сликата сте го направиле Груевски во лицето како Бранко. Толку ли го мразите? Не знам каква е оваа наша опозиција која не сака избори!? Па како тие очекуваат да се вратат на власт? Со немири, дивеења и насилство? Можеби е најдобро да се расформираат и да не поштедат од нивната недефинирана политика. Не е јасно ни кој им е лидер - Бранко, Рада или Заев. Не е јасно ни што сакаат. Ете, Груевски им даде тој извештај за 24-ти да биде каков што тие сакаат. Голема работа! Тој извештај не вреди толку штета за Македонија. И тоа го отфрлија. Кој ќе ги разбере?
ZEMJATA, 26.08.2013 08:12:43
Markos sigurno sinoka ne ste gi gledale vestite na Sitel i n e ste go slusale drmr Slapas.Coveku na nasiov Pastir za diplomatija meze voda da mu nosi i pokojniot Vinston Spenser Cercil.Sigurno na doktorov slapas temata na doktorskata disertacija mu bila I od takvo kaval biduva.
bitola, 26.08.2013 08:41:35
pak isto razmisluvanje od zanesenite clenovi;vide sto mu rece grujo,vide sto mu odgovori zaev,ja vide mudrosta na branko,a vo stvarnost nitu gledaat nitu slusaat nitu razmisluvaat,do koga ke spiete so mozocite,barem svatete deka 22g..se to isti luge ve vozat vo krug so cirkuzot narecen sds-dpmne,dali ima odgovornost i kazni,ili samo verbalni prepukuvanja.
Mirko, 26.08.2013 08:54:04
Gruevski i DPMNE e na vlast veke sedum godini Neka kazi iskreno, sto ima naprvaveno za Makedonija? Vo toa ne gi smetam spomenici, fasadi, grandiozni zgradi na ministerstva, kako i muzej i teatar. Sto drugo ima napraveno za podobar zivot na naselenieto? Bezrabotica i siromastija e se pogolema. Mladite begaat od drzavata. Natalitetot opaga. Investiciji nikakvi. Zemjodelieto i stopanstvo vo kolaps. Dali premierot znae, kolku se sedum godini vladeenje? Pa za toa vreme bebe ke trgne vo skolo. Za nego, uste smo bebe.
перо, 26.08.2013 10:15:57
ГОТОВ Е !!! Во страшна паника е............. изгледа се назира крајот на ��вој апсолутизам....
mishko, 26.08.2013 11:16:55
Сосема разбирлив и тешко партиски сварлив гест на СДСМ.Па дури и оние дечиња по скопските семафори знаат што им следува на храброто,енергично и пред се инвентивно-насетувачко раководство на СДСМ ако и помислат а камоли да се појават на изборен мегдан.А се појават а новото теледириговано раководство од екс лидерскиот олд тајмер му го расчистува патот на спасувачката негова мисија,која ќе доведе до партиско тотално дозакопување.Инаку сите знаат дека во ВМРО има ,,голема паника,, од ваквиот СДСМ и затоа сламката на спас ја гледаат во вонредни избори.Она ,,сите,, се однесува само на партиските челници,заталканите членови и збунети симпатизери на СДСМ кој треба да проголтат жабетина а се појават на изборен мегдан.
navi, 26.08.2013 14:42:14
Spust za Gruevski. OGROMNA POBEDA ZA OPOZICIJATA SO IZVESTAJOT NA KOMISIJATA !

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Делумно облачно

Среда
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 16°C

Четврток
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 14°C

Петок
Сончево
Макс: 29°C, Мин: 14°C

Сабота
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 12°C

Недела
Сончево
Макс: 29°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Попрво ќе го поздравам Тито отколку што ќе заврши оставинската постапка
Јованка Броз лута на државата и на судот 33 години по смртта на Тито...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |