29.10.2010, 17:08 Фатен манијак во Прилеп
Прилепската полиција откри дваесет и едногодишно момче што претставувало страв и трепет за девојчињата во градот. Прилепчанецот со велосипед ги пречекувал девојчињата на најразлични локации во градот и почнувал манијачки да се однесува пред нив.
„Тој ги пресретнувал малолетните девојчиња, излегувал пред нив или сосила ги тргал настрана. Потоа почнувал да ги допира и да се соблекува пред нив, покажувајќи им го половиот орган и самозадоволувајќи се пред децата“, велат од МВР.
Прилепската полиција поднесе кривична пријава 21-годишниот прилепчанец поради основано сомнение дека задоволувал полови страсти пред други.
„Тој во почетокот на октомври во повеќе наврати и на различни локации во Прилеп (најчесто на улиците „Војводинска“, „Крагуевачка“, „Орде Тодороски-Шемко“, „Браќа Ламески“, како и во населбата Рид), откако претходно со велосипед ќе се упател таму, ги пресретнувал девојчињата и се соблекувал пред нив“, велат од МВР. Некои од малолетните девојчиња сами се бранеле, додека некои од нив викале и барале помош, по што трчајќи бегале за да се спасат од него. (Х.Р.) |