Број 3305  сабота, 12 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Култура

Едицијата руски култни дела почнува со „Ана Каренина“

Новоизградениот музеј посветен на Толстој во селото Старогладовскаја, каде што некогаш живееше писателот

Новиот проект на „Утрински весник“,„Дневник“ и на „Вест“, кој ќе се осврне на руските дела што оставија силен печат во европската и во светска книжевност, почнува со првиот дел на една од најпровокативните љубовни приказни, „Ана Каренина“ на Лев Николаевич Толстој. Вториот дел читателите ќе го добијат веќе во среда и веднаш потоа, секоја наредна среда се' до 25 август ќе објавиме уште девет врвни дела на најголемите руски автори.

Во луксузно пакување, со висок квалитет, освежени и современи изданија на некои од вечните романи, како „Капетановата ќерка“ на Пушкин, „Песјо срце“ на Булгаков, „Татковци и деца“ на Тургењев и на драмите „Ревизор“ на Гогољ или „Вишновата градина“ на Чехов. Во текот на јуни до читателите ќе стигнат Пушкин и Булгаков, а за јули се предвидени „На дното“ од Максим Горки, „Ревизор“, „Ние“ на Замјатин и првиот дел на „Во првиот круг“ од Солжењицин. Оваа ексклузивна понуда на бесмртните дела, кои се добредојдени за сечија библиотека, а кои ќе чинат само 249 денари и нема да бидат врзани со купување и на еден од дневните весници (освен првиот), ќе се затвори со „Вишновата градина“, со „Татковци и деца“ и со драмите на Островски „Шума“ и „Мома без мираз“.

Но, не случајно започнуваме токму со Толстој. Бидејќи, тој е столбот, неговите дела извршија големо влијание на европската и на светска книжевност. Тој го достигна врвот на рускиот реализам и се сметаше за еден од најсилните општествени аналитичари, кој умееше својата критика кон општеството и институциите да ја спои со интимното и психолошкото.

Романите на Пушкин, пак, се сметаа за претходница на руската реалистичка проза. Тој беше романтичар, кој смело ги уриваше класичните норми. Додека драмите на Чехов го претворија во зачетник на модерната драматургија, со кој се отвори еден нов период во светската драмска уметност.

Во средината на 19 век А.Н. Островски со своите драми го создавал рускиот национален театарски репертоар, во истиот период И.С. Тургењев пишувал за „одвишните луѓе“ – чести карактери во романите на рускиот реализам, а додека на почетокот на 20 век М.Горки важел за творец на моделот на социјалистичкиот реализам, дотогаш драматичарот М. Булгаков, кој во 1930-тите отстапувал токму од овој тогаш доминантен модел, бил игнориран, па неговите дела се објавени посмртно.

Гогољ, како и Толстој, беше претставник на рускиот реализам, кој нагласено ги критикуваше општествените состојби, а Замјатин и Солжењицин поради нивната смелост и жестока критика беа прогонети од својата земја. Сите овие исклучителни дела, и книжевни и историски сведоци, кои во нашата земја биле издадени одамна, а некои од нив и никогаш, сега ќе бидат повторно понудени на нашиот пазар. Овие книги со современ дизајн ќе бидат печатени во Италија и подготвени со најнова јазична обработка. (С.У.)


#
Статијата е прочитана 951 пати.

Испрати коментар

Од: Moris
Датум: 12.06.2010 09:28:35
Samo kako informacija. Prodavacite v i gi iskradoa knigite. Gi davaat samo na prijateli i na redovni musterii. Zamislete vo maalskite prodavnicki po aerodrom za edni ima za edni nema. Samo za redovni musterii. Ako si redoven musterija i ako pazaris kaj mene ke ima kniga za tebe. Smislete nesto da citame utrinski i za nas koi ne sakame kniga od razlicni pricini. Da prodavaat vesnik so kniga ili bez kniga. Ovaa Sabotra e smesen den kupuvaat knigi i onie koi nemaat kupeno kniga 20 godini nanazad. KAKO I DA E UBAVA KOMERCIJALNA AKCIJA konecno od Srbija i Hrvatska se realziira i vo makedonija.
Од: realen
Датум: 13.06.2010 10:14:59
Rabota veke praktikuvana i videna odamna vo sosedni drzavi (Zagreb). Nisto nema da se postigne, bidejki "starcite" gi procitale site tie knigi, a mladite ke gi citat sizeata i analizite (sko im se potrebni). Dobar obid, ama providen.
Од: Sase
Датум: 13.06.2010 10:42:43
E sto...ustvari ova e dobro samo na hartija a knigite se odnapred razgrabani veke vo 3h. navecer. Sabajle vo 8 koga ke otide covek vo prodavnica ne moze da najde. Ili ispecatete pogolem tiraz ili voopsto ne se brukajte.

Најди! во Утрински
Култура
Ана Каренина
Рацин е нашата судбина и песна
Чеченија му се поклонува на Толстој
Вечер на современи танци во Скопје