Број 3650  понеделник, 08 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Хроника

Тројца скопјани изработувале фалсификувани платежни картички

Центарот за спречување организиран и сериозен криминал при Единицата за компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Д.И. (39) поради сомнеж дека сторил кривично дело правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување, а за лицата Д.Ц. (40) и Н.И. (36) за дела изработка и употреба на лажна платежна картичка и за соизвршителство.

Според МВР, во периодот од окт��мври минатата година до мај оваа година првопријавениот, со цел да се стекне со противправна имотна корист, неовластено прибавил опрема за изработка на лажни платежни картички, како и лични податоци на носители на платежни картички, а потоа со другите двајца ги користеле како вистински. Тие ги употребиле фалсификуваните платежни картички при вршење нелегални трансакции на ПОС-терминалите на неколку банки и на повеќе продажни места во Скопје. Со употребата на картичките, осомничените извршиле пет нелегални успешни трансакции во вкупен износ од 22.890 денари и осум неуспешни нелегални трансакции во вкупен износ од 65.160 денари при купување трговска стока на повеќе продажни места во Скопје.

Првоосомничениот во мај годинава бил кривично пријавен и за кривично дело помагање во врска со кривично дело правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување, како и за изработка и употреба на лажна платежна картичка. Имено, при претрес на домот на Д.И., полицијата открила работилница со специјализирани уреди и опрема за изработка на платежни картички. (Љ.С.)


#
Статијата е прочитана 842 пати.

Испрати коментар

Од: некој
Датум: 08.08.2011 11:05:24
Овој откриен случај на криминално дејание од страна на МВР веке четири дена како се популаризира низ пишаните и електронските медиуми како огромен успех на вработените во полиција.Зошто не дадат една поопсежна анализа за тоа колку дневно се случуваат кражби над обичните луге во Скопје па и пошироко во Републиката.Па да се направи една споредба кој е поуспешен дали лопужите кои од ташните им ги вадат паричниците на поштените грагани или инспекторите и милиционерите кои се платени да ги штитат лугето.Претпостаувам дека ке се дојде до фрапантен податок дека повеке од девеесет проценти од сите такви криминални појави остануват неоткриени.П.С. посебно ке ме радува да не сум во право.

Најди! во Утрински
Хроника
Љубе Бошкоски не примил обвинение, а му е продолжен притворот
Можеше ли да се избегне катастрофата во Тиквешко Езеро?
Од куќа во Озормиште украден златен накит

"""