Број 3650  понеделник, 08 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Хроника

Од куќа во Озормиште украден златен накит

Златен накит, вреден над 4.500 евра, бил плен на крадци во тетовското село Озормиште. Непознати арамии насилно отвориле прозорец во куќата на Аљуш Н. (37) кога немало никој дома. Го искористиле времето меѓу 20 и 22 часот кога сега, во време на рамазанските празници, верниците одат на гости. Откако испретуриле низ сите простории на куќата, побегнале незабележани од никого. Тетовската полиција изврши увид на самото место и презема мерки за пронаоѓање на крадците.

Тетовската полиција апелира до ��раѓаните за поголемо внимание и претпазливост, особено кога ги оставаат куќите без луѓе. Крадците особено ги ограбуваат куќите и становите на семејствата што живеат во странство. За шест месеци, годинава во тетовско-гостиварскиот крај се регистрирани 587 тешки кражби, од кои најмалку 200 биле извршени во куќи и станови. Се краде, главно, пари и накит. (Г.Е.)


#
Статијата е прочитана 301 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Љубе Бошкоски не примил обвинение, а му е продолжен притворот
Можеше ли да се избегне катастрофата во Тиквешко Езеро?
Тројца скопјани изработувале фалсификувани платежни картички

"""