Број 3650  понеделник, 08 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Хроника

Можеше ли да се избегне катастрофата во Тиквешко Езеро?

Вангел Стефановски, професор по рибарство, укажува дека поморот можел да биде избегнат доколку навреме биле преземени мерки

Киро Кипроски

ГОСТИВАР - „Катастрофата со поморот на рибите во Тиквешко Езеро можеше да се спречи“, смета д-р Вангел Стефановски, професор по рибарство на Биотехничкиот факултет на Универзитетот во Битола. Природата, пред да настапи поморот на рибите, сигнализирала со промената на бојата на водата. Но, на оваа појава никој не реагирал. Според него, катастрофата можела да се избегне ако веднаш се интервенирало со вар, кој постепено речиси цела недела требало да се испушта во езерото, со што ќе се случела колугација, односно уништување на алгите, што ќе довело до ослободување на кислородот.

Професорот Стефановски вели дека неводењето грижа за загадувањето, кое го има во енормна количина, доведува до какви катастрофални последици. Во Тиквешко Езеро загадувањето било последица на зголемена органска материја, голем број риби во кафезите и голема количина храна.

Во светот постојат норми колку килограми риба може да се произведува на 100 хектари површина. Од поодамна на оваа проблематика работеа научните работници на Бугарија, Украина и на Полска , кои утврдија дека за 60 тони риба се потребни 100 хектари водена површина за да можат без проблеми природно да ја одржуваат рамнотежата на унитрификацијата на езерата.

Под унитрификација се подразбира внесување органска материја, развој на алги и нивно нормално разградување без последици. Според стручното мислење на професор Стефановски, во Тиквешко Езеро било внесено поголема количина органска материја, а процесот на разградување го забрзале и високите температури со што се развила уште поголема количина нова отворена органска материја и се создале алги.

Топлотниот шок довел до нивно нагло умирање, бактериите започнале забрзано да работат и да ги разгрануваат органските материи, со што се одзело поголема количина кислород. Кога количината на кислородот достигнала под минимумот што им е потребен на рибите, се случила катастрофата.

Стефановски вели дека треба да се преземат мерки за да се избегнат вакви катастрофи во иднина. Тој укажува дека првите симптоми требало да се забележат кога се случила промена на бојата на водата. „Требало веднаш да се реагира со дезинфекција со вар, како и да се изврши дислокација на кафезите и да се намали количините на риба и на храната“, вели тој. Според него, загрижува тоа што неконтролирано се зголемуваат фармите за кафезно одгледување риби во Тиквешко Езеро. „Во почетокот имаше три-четири фарми со дозволи, а сега има над четириесетина, од кои 12-13 имаат дозвола за вршење на дејноста. Секако, неопходна е почеста контрола од надлежните на фармите“, вели нашиот соговорник.

Дополнителен проблем е што во земјава нема ниту опрема за чистење и замрзнување на рибата, која по задушувањето може да се искористи за исхрана доколку во период од 24 часа биде соодветно замрзната. Дел од рибата може да се искористи и доколку се преработи и од неа се добие рибно брашно, кое се користи за исхрана на рибите во рибниците. Но, и ваква опрема за нејзина преработка не постои во земјава, укажуваат познавачите на состојбите.


#
Статијата е прочитана 1780 пати.

Испрати коментар

Од: bitola troa skolovan
Датум: 08.08.2011 09:10:17
KOnecno dobiv odgovor na prasanjeto sto si go postaviv, sme mozele da ja izbegneme katastrofata.Profesorot kaza ,znaci znaenje ima no komu mu e potrebno,sistemot ne go bara toa znaenje kako bi go upotrebil,privatnite investitori uste pomalku oti se neznaeni i .... kako ke odime napred
Од: ilija
Датум: 08.08.2011 09:51:43
Epa Maro, epa kotelot. Vo svetot se vodi smetka za se .........hi hi hi.....kaj nas da mozat preku celata povrsina na Tikvesko ezero ke postavat kafezi.

Најди! во Утрински
Хроника
Љубе Бошкоски не примил обвинение, а му е продолжен притворот
Од куќа во Озормиште украден златен накит
Тројца скопјани изработувале фалсификувани платежни картички

"""