„Културно лето“ во Гази Баба
Под заеднички именител „Културно лето 2008“ Општина Гази Баба организира низа летни манифестации. Активностите започнуваат в недела, во населеното место Раштак, каде што во 20,30 часот ќе може да се проследи ревија на најубавите македонски народни носии, народни песни и инструменти. На 23 јули, пак, во населбата Автокоманда со почеток во 20,30 часот со свои песни, присутните ќе ги забавуваат реномирани пејачи на народни песни. Во рамки на културното лето се предвидува и изведба на неколку театарски претстави, на различни локации на територијата на Општината. |