Брoj 2740  петок, 18 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Рефередум е крајна опција за уривање на ДУП „Мал ринг“

Првиот чекор е постапка пред Уставен суд, од чија одлука ќе зависи дали ќе има референдум

Деспина Трајковска

Градоначалникот Трифун Костовски се' уште не одлучил дали ќе ја искористи законската можност со собирање потписи од најмалку 20 отсто од жителите на Скопје да распише референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат за Детаљниот урбанистички план „Мал ринг“. Ова би била крајната опција за соборување на планот во коригирана верзија, што го донесе Општина Центар, кој за градските власти е спорен оти, според нив, бил донесен спротивно на Законот за Град Скопје.

„Се' ќе зависи од конечната одлука на Уставниот суд“, категорични се градските власти, кои иницијативата за поведување постапка за оценување на законитоста и уставноста на планот, ќе ја поднесат уште деновиве, веднаш штом Општина Центар одлуката за ДУП ја објави во општинскиот !Службен гласник“. „Всушност, условно кажано, нашата борба против ДУП ќе ја тераме етапно. Доколку судот се изјасни дека планот не се коси со законите, следен чекор ќе биде Советот на Скопје да одлучи дали да се распише референдум, откако Костовски ќе го достави предлогот до советниците“, додаваат од Градот. Меѓутоа, со оглед на сомнежите на Костовски дека неговиот предлог воопшто ќе биде ставен на разгледување пред Советот, заради политичката определеност на претседавачот и на мнозинството советници кои се од редовите на владејачката партија, не е исклучена можноста градоначалникот да биде иницијатор со собирање потписи од граѓаните да распише референдум. Во тој случај, на Костовски ќе му биде потребна поддршка од малку повеќе од 100.000 граѓани, бидејќи, според статистичките податоци и со последната територијална поделба, Скопје има 506.926 жители.

Епилогот од референдумот, според Законот, ќе мора да се спроведе на дело, односно, во случај поголемиот дел од граѓаните да се изјаснат против ДУП, ниту црквата, ниту педесетината спомен-обележја, двете деветкатници и други градби предвидени на и околу плоштадот, нема да можат да се градат.

„Овие комбинации се' уште ги гледаме како далечни. Се надеваме на правична одлука на судот, дека ќе го оспори планот“, велат од Градот, додавајќи дека се убедени оти правдата е на нивна страна.

Случајот со ДУП најави дека ќе го испитува и Антикорупциската комисија. Поради сомневање дека при носењето на Планот законите биле прекршени, а процедурата неиспочитувана, ДКСК ќе испитува како е донесен ДУП „Мал ринг“. „Измените што ги донесе Советот на Општина Центар се спротивни на ГУП. Овој случај ни е од посебен интерес, бидејќи станува збор за средиштето на метрополата. Општина Центар не е изолиран дел, туку е центар на главниот град на државата“, објаснија членовите на Антикорупциската комисија кои се сомневаат дека советниците не ја испочитувале процедурата при носењето на ДУП-от, бидејќи граѓаните воопшто не биле консултирани, односно, немало јавна расправа на која тие би се изјасниле за предложените промени, како што налага законот. „Ние не го гледаме овој, како ни сите други предмети, низ партиска, верска, етничка или низ друга призма. Не сме против градење верски објекти, но мораме да водиме сметка дали се кршат законите и дали има усогласеност со волјата на граѓаните. За нас е битно да се зачува хуманиот начин на живеење. Со измените на ДУП-от го губиме плоштадот, а од еколошки аспект ќе се изгуби и циркулацијата на воздухот. За тоа не може да решаваат советници, колку и да имаат мнозинство. Ваквото однесување не зборува во прилог на доброто владеење и водење политика. Законите мора да се почитуваат и да се изградат вредносни, а не парцијални или партиски критериуми“, посочија антикорупционерите.


Статијата е прочитана 265 пати.

Испрати коментар

Од: irena
Датум: 18.07.2008 03:09:10
konecno eden pameten covek da zastane vo korist na graganite od skopje i da go zastiti plostadod. se znae zasto e potreben plostad.skopje ima dovolno crkvi i djamii, a ako premierot saka da gradi crkvi i spomenici neka gradi na svoja zemjiste i so svoi pari a ne so parite na izmaceniot makedonski narod i dr. sto ziveat vo makedonija. dali nekoj ke go osvesti premierot. crkvata go postavi za premier, i sega sto ke rece poglavarot toa i mora da pravi. plostadot ne go davame.jas sum rodena i izrasnav vo sentarot. zgradata na rekord e izgradena na nase zemjiste, plostadot ne go davame. skopje ne e skopje bez plostadot. a kade e roden gruevski i poglavarot. nekoj sto znae neka pise. za site politicari na vlast nema biografia za niv. pa ni znaeme ni koi se niti od kade dovagaat. gragani na skopje ve molam glasajte za plostadot da ostane onakov kakov e sega, i kostov ke vi pomogne. on znae sto pravi, barem mene taka mi izgleda, a i ima resorsi i zakonot e na nasa strana edino ako se najde nek
Од: Lidija Dimitrovska
Датум: 18.07.2008 08:20:16
Pocituvani, dosta pravime gluposti. Gradime minijaturi i igracki. Ako nesto se pravi toa treba da e dobro i ubavo za site. Nema zosto drzavata da gradi crkvi, toa ke si go pravi crkvata i narodot. Drzavata da vodi smetka za ekonomijata, ili mozebe vlasta planira da pravi takvi gluposti pa na narodot ke mu trebaat poveke crkvi da se krsti.
Од: Stefan
Датум: 18.07.2008 14:01:50
Vo princip ne sum protiv crkva na plostadot, no lokacijata e mnogu nesrekno izbrana. Tamu ednostavno nema mesto za tolkav objekt. Starata crkva ne bila na taa lokacija, tuku ponatamu kon GTC. Ako veke sakaat crkva, zasto ne ja izgradat od sprotivnata strana na plostadot kade i bez toa zjaat onolkavi prazni trevnici. Objektot pred Komercijalna e ogromna glupost.
Од: Buba Bogojevska
Датум: 18.07.2008 14:12:33
Gradot bez plostad ,ne e grad.A ova sto se slucuva so nasiot grad e igrarija.Likot na plostadot sega e navistina kako sto dolikuva i nemora da se natrupuva so se i sesto.Site zelbi moze sekoj da si gi ispolnuva vo svojot dvor.Ostavete go vidikot kako sto e.A bi trebalo i site arhitekti,da se vklucat vo ovoj problem gradski.Barem site sto patuvaat niz svetot mozat da napravat edna vistinska slika za plostadite.Zatoa e plostad,a ne crkoven kompleks.Nemora vo se da se zamesuvaat ,neka ja vrsat funkcijata za koja se izbrani.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
Граѓаните денеска ќе знаат колку ќе поскапи парното
Директорот на „Паркови“ ќе стане заменик-министер за транспорт
Дел од Дебар Маало цел ден без вода
„Културно лето“ во Гази Баба